Претседателот Иванов во Истанбул

на конференција на Алијансата на цивилизации и на Евроазиски економски самит

Истанбул, 9 април 2012 (МИА) – Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов од денеска ќе престојува во повеќедневна посета на Истанбул, каде што ќе учествува на конференцијата на Алијансата на цивилизации на тема „Балкански мир – визија за иднината со поуки“, како и на 15-от Евроазиски економски самит.

Иванов ќе биде еден од главните говорници на конференцијата на Алијансата на цивилизации, што утревечер ќе ја отвори претседавачот со Националниот координативен комитет за Алијансата, Бекир Карлига.

За балканскиот мир, како визија за иднината со поуки, ќе дебатираат над 200 учесници, меѓу кои генерални конзули во Истанбул, градоначалници, претставници на НВО, бизнис секторот, универзитети,на студентски групи..

Шефот на македонската држава задутре во Истанбул ќе има поздравно обраќање на официјалното отворање на 15-от Евроaзиски економски самит. Тоа ќе биде негово трето учество на форумот што традиционално го организира Мармара фондацијата.

Главни теми на тридневниот форум годинава се економијата, екологијата и одржливиот развој, со акцент на периодот по економската криза, енергијата - технолошките иновации и иднината на зелената енергија, како и интеркултурниот дијалог – култура на мир.

На агендата на форумот в четврток е состанокот на претседатели, кој ќе се одржи во Измир. Актуелни и поранешни претседатели ќе дискутираат на темата „Град, сиромаштија и невработеност“, а обраќање ќе има и македонскиот претседател. Настанот се организира во соработката со Стопанската комора на Измир.

Во тек на 15. Евроазиски економски форум, ќе се одржи женска сесија „Жените во 2012 - Потрага по иднината“, на која ќе се обрати сопругата на претседателот Маја Иванова.

На Евроазискиот економски форум, чиј организатор одбележува бронзен јубилеј, е најавено учество на четворица актуелни и девет поранешни претседатели на држави од регионот и Европа, 27 министри, парламентарци, амбасадори...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...