Иванов со пораки за мир и повеќе разбирање меѓу луѓето

Истанбул, 9 април 2012 (МИА) – Светот да не ги повторува грешките од минатото за да биде подобро место за живеење, со што помалку конфликти, а повеќе слобода и демократија. Луѓето и религиите да се разбираат што повеќе, а цел на секој поединец  да биде стремежот за слобода.

Ова го порача претседателот Ѓорѓе Иванов  вечерва  на конференцијата на Алијансата на цивилизации „Балкански мир – визија за иднината со поуки“, што се одржува во Истанбул.
 
Иванов, кој од денеска е во повеќедневна посета на Турција,  пред повеќе од 200 учесници на конференцијата направи преглед на последиците од конфликтите низ историјата во балканскиот регион и укажа на опасностите и причините за идните конфликти, јави известувачот на МИА.

Мапата на светот, истакна Иванов, денес покажува оти таму каде доминира слободата доминира и богатството, но многу од богатството на планетата е резултат на задолженоста на одредени земји. Тоа, наведе, укажува дека ќе имаме многу конфликти кои нема да бидат на религиозна основа, ниту за слобода, туку војни меѓу тие кои имаат и тие кои немаат.

Глобалните случувања, според претседателот Иванов, се одразуваат на состојбите на Балканот, кој станува место во кое спас бараат многумина од ризичните подрачја. - Има постојано движење на луѓето и миграции кои предизвикуваат потенцијални конфликти. Поради тоа, Алијансата на цивилизации има многу работа. Треба да се води битка на многу фронтови, затоа што старите предрасуди кои потекнуваат од религијата не се исчезнати, поделбите кои ги создале идеологиите доминираат уште, но и современиот начин на живот  кој создава големи долгови  е извор на конфликти,  рече Иванов.

Тој истакна дека за да се постигне мир, светот треба да учи од минатото за да не ги повторува грешките во иднината.  - Токму тука е улогата на Алијансата на цивилизациите,  да влијае на луѓето и религиите да се разбираат меѓу себе, а слободата да биде цел на секој  и да се користи желбата да се  живее во подобар свет, оцени македонскиот претседател во предавањето што го одржа на конференцијата. 

Посетата на Турција македонскиот претседател ја започна со работен ручек со градоначалникот на Истанбул Кадир Топбаш.  Дискутираа за досегашната соработка меѓу Скопје и Истанбул и ја повторија оценката дека Македонија и Турција ги поврзуваат длабоките  историски, културни и економски врски од минатото, но и многу нешта од сегашноста и иднината. Претседателот Иванов истакна дека треба да се следат традиционалните врски, блискоста на двете  држави и народи и да се преземаат соодветни чекори во сите сфери на соработка, вклучително и меѓу градовите.  Задоволен е од постојаната позитивна динамика во односите и соработката меѓу Македонија и Турција, која, оцени, е значаен македонски пријател и партнер.

Градоначалникот  Топбаш рече дека денес соработката меѓу градовите односно локалните самоуправи  како специфичен тип на дипломатија има посебно значење во вкупната соработка меѓу државите.  Станува збор за т.н влади на градовите кои одговараат на модерните потреби на граѓаните, укажа истанбулскиот градоначалник.

Утре претседателот Иванов ќе присуствува на молитва во Цариградската патријаршија, по што ќе има средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Во тек на престојот во Турција шефот на македонската држава задутре ќе се обрати на отворањето на 15-от Еврозаиски  економски самит во Истанбул. Тоа ќе биде негово трето учество на форумот што традиционално го организира Мармара фондацијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...