Со нетрпение ја очекуваме Македонија во НАТО

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета на средбата во Пентагон со министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, разговарал за редица одбранбени и безбедносни прашања и изразил благодарност за непоколебливиот придонес на земјата во операциите на коалиционите сили.

Портпаролот на Пентагон, Џорџ Литл изјави дека Панета му порачал на Бесими дека со нетрпение го очекува идниот прием на Македонија во НАТО. Првите луѓе на одбраните на САД и Македонија размениле и идеи за регионалните односи во Југоисточна Европа и како да се зачуваат суштински важните капацитети во услови на сегашната буџетска ситуација, особено во однос на иницијативите на НАТО од областа на таканаречената „мудра одбрана“.

Според Министерот Бесими средбата била одлична и во пријателска атмосфера.

- Разговаравме за теми кои беа значајни во областа на билатералната, регионалната соработка, како и евроатлантските интеграции, односно зачленувањето во НАТО, истакна Бесими.

Тој со став дека е битно од Самитот на НАТО во Чикаго да не се создадат нереални очекувања дека таа работа е договорена и шансите се големи.

- Тргнуваме од позиција кога во агендата во Чикаго го нема проширувањето. Сите наши активности одат во насока што повеќе да се сензибилизира прашањето за зачленувањето во НАТО. Тоа е од интерес за Македонија, за регионот, но и за Алијансата.

На средбата со Панета станало збор и за прашањето за името. Тие експлицитно ги поддржуваат нашите напори за членство во НАТО, вели министерот Бесими.

- Го поздравуваат нашиот придонес во меѓународните мисии. Во однос на прашањето за името, охрабруваат да се најде взаемно прифатливо решение меѓу Македонија и Грција. Нашата заложба е да се каже дека Република Македонија е отворена за разговори и дека е заинтересирана за НАТО. Македонија во однос на глобалниот мир и безбедност нема алтернатива. Нашиот пристап во решавањето на прашањето за името е - партнери во решение наспроти ривали во проблем. На прашањето гледаме како на предизвик за двете страни, и обете страни да пристапиме за решавање на ова прашање.

Една од темите во Пентагон беше доколку Македонија може да добие покана за членство на Самитот во Чикаго и во пристапниот процес кој вообичаено трае две години, да се најде заедничко прифатливо решение. Меѓутоа, за еден ваков пристап да се реализира, потребна е согласност и од Македонија, и од Грција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...