Кои се приведените во „Монструм“?

Таксист, земјоделец, автомеханичар, пензионер, па дури и една домаќинка се меѓу дваесетте приведени во полициската операција “Монструм“.

Шеесетгодишна домаќинка од липковското село Отља е меѓу приведените осомничени за инволвираност во петкратното убиство кај Смиљковското езеро на 12-ти април.

Фериде Билали е уапсена во понеделникот и кај неа полицијата пронашла пиштол. Билали живеела сама веќе 15 години откако нејзините синови заминале во странство.

Весникот “Коха“ објави дел од имињата на приведените. Браќата Чани Азири (64), Фејзи Азири (50), Хаки Азири (32) од Шуто Оризари се меѓу уапсените во вчерашната акција. Најстариот од браќата е пензионер, средниот е земјоделец, најмладиот е возач на камион.

Фејзи Азири, инаку, го има под концесија земјиштето околу Смиљковското езеро. Колку оваа информација била важна за истрагата за да се открие идентитетот на убијците, полицијата најверојатно ќе открие во наредниве денови.

Во акцијата вчера беа приведени и Мерван Џавити (24) од Арачиново, кој работел како автомеханичар, како и неговиот соселанец Исни Асани (34), таксист. Меѓу приведените е и дваесет и шестгодишниот Џевад Зендели од населбата Гази Баба.

Сите 20 приведени утринава беа изведен пред истражен судија во Основниот суд 1 во Скопје. Полицијата ги товари за тероризам за што е предвидена најмала казна од четири години затвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...