Кривична пријава за дружината на Вранишковски

Скопје, 22 мај 2012 (МИА) - Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 19 физички лица и против Здружението на граѓани „Анастасија“  поради основано сомнение дека сториле кривично дело „перење пари и други приноси  од казниво дело“.

Како што информира денеска портпаролот на МВР, Иво Котевски кривични пријави се поднесени против лицата Ј.В.(46), од Битола, М.К.(34) од Штип, Г.И.(37) од Прилеп, скопјаните  Д.Н.(34),  Н.С.(33), М.Т.(39), К.П.(47), З.Д.(33), М.П.(66), С.Б.(45), Ф.Н.(38), В.Т.(63), како и против М.И.(39) од с.Нижеполе, Ф.Х.(56), О.М.(32), О.И.(39), Г.В(73), М.П.(41) и И.П.(69), сите од Битола.

Десет од пријавените лица  вчера биле приведени, а по разговорот пред истражен судија им се одземени патните исправи и издадена наредба да бидат достапни за институциите. За  пријавените кои вчера не биле  достапни за полицијата судот ќе одлучи дали ќе одреди мерка притвор и дали ќе издаде барање за распишување потерница. Во тек на вчерашната акција на МВР извршени се и претреси во два објекта во Маркова Сушица во Скопје  и во Нижеполе, Битолско, при што се пронајдени и одземени компјутери, 19 илјади евра и разновидна документација поврзана со финансиското работење на самонаренечаната „православна охридска архиепископија“.

Според МВР, првопријавениот Ј.В., со цел да легализира 250 илјади евра кои од 1998 до 2002 година ги стекнал незаконски со кривично дело „затајување“ на штета на МПЦ во договор со другите 18 пријавени лица од 2007 до 2011 година пуштиле во промет пари во вид на поголем број раситнети поединечни трансакции. Уплатата ја извршиле на трансакциската сметка на здружението „Анастасија“ со седиште во битолското село Нижеполе, како и со директно купување недвижен имот на име на две од пријавените лица, роднини на Ј.В.

- Се сомневаме дека станува збор за перење пари односно за обид во правниот финансиски тек да се легализираат парите кои на криминален начин биле стекнати во периодот од 1998 до 2002 година. Индикативно е тоа што ден по отворањето на трансакциската сметка во еден ден се извршени уплати од 16 лица сите со иста сума од околу 5 илјади евра, изјави Котевски.

На 5 декември минатата година во ТТК банка е отворена трансакциска сметка на име на здружението „Анастасија“ во кое како овластено лице се јавува пријавената М.И., а на која наредниот ден, 6 декември, другите 16 лица опфатени со кривичната пријава извршиле уплати на криминално стекнатите пари од страна на првоосомничениот во вид на раситнети поединечни трансакции како донации во вкупен износ од околу 5 милиони денари и или 80 илјади денари. Со тие пари планирале да купат недвижен имот за што М.И. во име на здружението потпишала преддоговор за купување деловен простор во ТЦ „Лептокарија“  од 300 метри квадратни во износ од 180 илјади евра. М.И. на 6 декември 2011 година дала налог за исплата на пари уплатени на сметката на здружението „Анастасија“ во ТТК банка  на сметката на продавачот на деловниот простор.

Според досегашните сознанија на МВР во вториот случај Ј.В., со намера да го прикрие потеклото на криминално стекнатите пари, а заради проширување на активностите на т.н Православна охридска архиепископија со изградба на верски објекти на територијата на Македонија, го ангажирал неговиот роднина В.Т. во 2007 година на подрачјето на Скопје да пронајде земјиште кое подоцна би се употребило за изградба на црква. Во септември 2007 година е купена нива во село Нерези  со вкупна површина од пет илјади метри квадратни за 140 илјади евра на име на вујко на првопријавениот. За истата цел во 2008 година е регистриран трет случај во кој еден од пријавените со средства кои му биле дадени од првопријавениот од физички лица купил нива на местото викано Дузлак во Штип со површина од четири илјади метри квадратни  за 15 илјади евра на негово име повторно со цел изградба на црква.

-  На таков начин пријавените користејќи го здружението „Анастасија“ и со купување недвижен имот со цел да го прикријат движењето на криминално стекнатите пари  и да ги покажат пред државните органи како да се легални извори и донации се товарат дека сториле кривично дело „перење пари“ и други приноси од казниво дело, рече Котевски.

Одговарајќи на новинарски прашања Котевски рече дека до МВР досега не е пристигната никаква претставка за постапувањето на полициските службеници во текот на акцијата и оти во целост се испочитувани  законите и полициските процедури.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...