СДСМ: Со акцијата „Детонатор“ се прикажа наводна борба против криминалотСкопје, 11 јуни 2012 (МИА) - Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ на денешната прес - конференција, коментирајќи ги последните случувања поврзани со полициската акција „Детонатор“, односно одлуката да се вратат на работа 20 од 24-те претходно суспендирани инспектори на УЈП, поврзани со оваа акција, оцени дека целата операција била за да се прикаже наводна борба против криминалот и корупцијата.
Според него, „Детонатор“ покажала дека на териоторијата на Република Македонија, институциите задолжени за борба против криминалот, не само што не го гонеле, туку, нагласи, и го заштитувале, прикривале и соработувале.
Георгиев потсети дека токму тоа беше една од главните причини поради која СДСМ поднесе интерпелација за министерот за финансии Зоран Ставрески.
- Бидејќи опасноста од интерпелацијата помина, деновиве дознаваме дека 20 од 24-те суспендирани инспектори се вратени на работа, а за останатите четири се уште се води постапка за утврдување на нивната одговорност, рече потпретседателот на СДСМ и праша дали тоа значи дека по грешка биле суспендирани и оти не се тие „директно или индиректно“ инволвирани во активности поврзани со „Детонатор“.
|