ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните во Велес не излегоа да го слушнат Црвенковски

Скопје, 11 јуни 2012 (МИА) - Граѓаните не излегоа да го слушнат Бранко Црвенковски, бидејќи Велес во време на СДСМ од најразвиен индустриски центар, стана најсиромашен и најуништен град во Македонија.

Ова денеска го изјави Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека на вчерашниот митинг на СДСМ граѓаните на Велес не отишле да го слушаат Црвенковски.

- На плоштадот имаше луѓе и од Штип, и од Кавадарци, и од Прилеп, и од Скопје, и од Куманово, но најмалку имаше луѓе од Велес. Огромниот број автобуси криени низ улиците на Велес, благодарение на медиумите ги виде целата јавност. Граѓаните не излегоа да го слушнат Црвенковски, бидејќи Велес во време на СДСМ од најразвиен индустриски центар стана најсиромашен и најуништен град во Македонија. Граѓаните на Велес не излегоа да го слушаат Црвенковски затоа што тој не се извини на вработените од „Порцеланка“ кои во време на СДСМ беа тепани од страна на полицијата затоа што си ги бараа своите пари и своите плати.

Граѓаните на Велес не излегоа, нагласи Димовски, затоа што најголемата фабрика за порцелан на Балканот ја распарчија и ја оставија во тешки милионски долгови и поради тоа што 4.000 семејства само од оваа фабрика останале без својата егзистенција.

- Граѓаните на Велес не излегоа да го слушаат Црвенковски, затоа што тие знаат во чии раце е некогашниот државен и општествен капитал. Тој имот се наоѓа во сопственост или на „Комерцијална Банка“ или на групацијата М6 или на кланот Заеви од Струмица. Овој имот кој некогаш им припаѓаше на граѓаните и на работниците, заврши во приватна сопственост на сопартијците и соработниците на Бранко Црвенковски. Денес овие луѓе кои не се велешани се газди на големите имоти во Велес. Затоа граѓаните од Велес немаат никаква доверба ниту во Бранко Црвенковски, рече Димовски.

Истакнувајќи дека Црвенковски изнесувал невистини на митинзите, Димовски посочи оти тој и неговата партија оставиле држава со сменето име, со прифатена срамна референца БЈРМ, со сменето знаме и устав.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот


Некој скитник кој бил многу гладен застанал на прозорот од некој ресторан и гледал како другите јадат, а лиги почнале да му течат. Гледајќи така забележува човек со чорба...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1847.- По низа победи во...
1924.- Во познатите септемвриски горно-џумајски...
1977.- Во Хемшајр, во Англија умре Леополд...
1982.- На приодот на Монте Карло, во Франција во...