ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните паметат каде одеа парите во времето на СДСМ Скопје, 12 јуни 2012 (МИА) - Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски денеска во изјава дадена пред фабриката Треска потсети на, како што наведе, затворените фабрики и раскрчмениот имот што го оставил СДСМ.
Посочи дека Треска некогаш вработувала 500 луѓе кои со нејзиното поропаѓање останаа без егизстенција.
- Оваа фабрика е типичен пример како се раскрчмуваше оптшествениот капитал. Во деведесетите беше обезвреднуван нејзиниот милионски имот. Во 2003 година, кога Бранко Црвенковски е премиер, а СДСМ на власт, преку Комерцијална банка и со голем дисконт беше продадена на грчки газда. Оваа фабрика отиде под стечај, никогаш не проработе повторно. Нејзиниот имот заврши во приватните џебови на луѓето блиски до тогашната власт, а луѓето од оваа фабрика без работа. Така работеше Црвенковски и СДСМ. Затоа сега бегаат и не сакаат да одговорат каде одеа парите во нивнот време кога не се градеше ништо. Тие пари тогаш се крадеа. Но граѓаните паметат, Македонија памети, рече Бичиклиски.
|