Привршува поставувањето на споменици, граѓаните задоволни од изграденото

Со поставување на три нови споменици Основачи на ВМРО, Македонски војвода на коњ и на Димитрија Беровски привршува програмата за поставувањена споменици на значајни личности од македонската историја.

Споменикот Македонски војвода на коњ денеска беше поставен во Кисела Вода на местото Чешма меѓу улиците Првомајска и Иван Козаров.

Македонскиот војвода на коњ, што го изработи скулпторот Миле Брцески, висок пет метри е поставен на постамен висок 3,5, метри, а општина Кисела Вода за овој проект од својата каса издвои речиси осум милиони денари. Министерството за култура која го реализира проектот за скулптурата наменски има издвоено 21 милион денари, во што е вклучен и хонорарот на авторот на скулптурата.

Во центарот на Скопје се работи на поставување и на споменикот на Основачи на ВМРО, споменик што дополнително ќе го разубавува паркот Жена-Борец.

Споменикот на револуционерот Димитрија Поп Георгиев Беровски треба да биде новитет на плоштадот “Македонија“. Споменикот ќе биде поставен пред кафулето Експириенс на постамент од 3,5 метри височина со бронзени релјефи. Автор на споменикот на Беровски е Гоце Наневски.

Досега, како дел од проектот “Скопје 2014“ беа поставени десетина споменици и спомен обележја на личности и настани кои оставиле значителен впечаток и допринеле за македонската држава и народ. Граѓаните задоволни од спомениците кои не само што го разубавуваат централното градско подрачје, туку и допринесуваат за подигнувањето на националниот дух. Од спомениците кои изминативе година дена беа поставени во Скопје граѓаните најмногу беа импресионирани и воодушевени од централниот споменикот Воин на коњ и фонтаната под него на плоштадот Македонија. Портата Македонија, исто така, веднаш по нејзината изградба послужи за прослава на значајни и славенички моменти.

Новоизградените споменици се е привлечни за туристите. Секојдневно може да се забележат десетици странски државјани кои се фотографираат покрај некој македонски револуционер, државник, цар....



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...