Кобен ден за Македонците, четворица повредени во сообраќајка кај Белград

Три возрасни лица и едно бебе се повредени во тешка сообраќајна несреќата што утрово околу четири часот се случила на автопатот на излез од Белград, Србија, соопштиле од Брзата помош за српските медиуми.

Една жена на возраст од 25 години во несреќата се здобила со скршеници на нозете и рацете и повеќе расекотини по лицето, друга дваесет и петгодишна девојка е повредена на вратнииот дел од р’бетот, еден маж кој го возел автомобил исто така има повреда на вратот, а шестмесечно девојче има повреда на рамо.

Младата девојка е префрлена на лекување во одделението за реанимација на Ургентниот центар во Белград. Бебето, како што информирала портпаролката на Брзата помош Нада Мацара, е префрлено во Институтот за мајка и дете.

Според информациите на медиумите во Србија, повредените се враќале од работа во Словенија, а до несреќата дошло бидејќи возачот заспал на воланот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Бега некој резервист од воената полиција и влегува во црква. Гледа внатре една калуѓерка и бргу се сокрила под нејзината сукња. Кога влегле полицајците и виделе дека го нема, си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1786.- Италијанскиот лекар и природонаучник...
1821.- Република Костарика (шпанска колонија од...
1822.- Францускиот ориенталист Жан Франсоа...
1852.- Во Лондон умре Артур Велзли Велингтон,...