Згасна Обединети за Mакедонија, членовите одат во ВМРО-ДПМНЕ

мотив е да ги поразат Црвенковски и Георгиевски

Скопје, 20 јули 2012 (МИА) - Партијата Обединети за Македонија од денеска згаснува, а членовите преминуваат во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Нивниот мотив е да се поразат Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски и да не се дозволи да се вратат на власт.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти Наталија Ивчева, поранешен генерален секретар на Обединети за Македонија, претседател на Статутарна комисија и член на Претседателството.

- Членовите на Обединети за Македонија, претставувани од органите на партијата, 95 отсто од општинските организации кои ја претставуваат силата на партијата, мнозинството од Претседателството, младинската организација и организацијата на жени, од неколку комисии на партијата решивме партијата Обединети за Македонија да биде згасната, а членовите на партијата со органите на партијата да се претопат во ВМРО-ДПМНЕ. Во овие моменти за секој човек кој ја сака сопствената држава, најголем приоритет е да не дозволи на власт да се вратат Љубчо Георгиевски и Бранко Црвенковски, потенцира Ивчева.

На настанот присуствуваа членови на Обединети за Македонија, претседатели на општински организации, претставници од младинската организација и од организацијата на жени на оваа партија кои, како што рече,  немаат политички амбиции и побараа да се спротивставиме на коалицијата на Бранко, Љубчо и Тито. Според неа, од сите органи на Обединети за Македонија кои носат одлуки не можат да прифатат да бидат дел од коалицијата што ја предводат тројцата.

Ова, како што рече, е самостојна одлука на сите одлучувачки органи, на членовите на општински организации, на младинската организација и на организацијата на жени, потврдени од сите поединечно со потписи и печати, со нивни изјави дадени без присилба.

Таа ги покажа документите на кои стојат потписите и печатите на 45 општински организации кои, како што рече, претставуваат огромно 95 процентно мнозинство од вкупниот број општински организации на Обединети за Македонија.

- Македонија се соочува со големи предизвици. Нашите членови, постапувајќи одговорно, се свесни дека во овој момент во Македонија мора да се одлучи и одбере меѓу два концепта, првиот на ВМРО-ДПМНЕ, а вториот предводен од Љубчо и Бранко. Членовите на Обединети за Македонија и граѓаните на оваа држава, кажуваат остро „не“ на коалицијата на Љубчо и Бранко. Ние, сите заедно ќе бидеме на спротивната страна од Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски, истакна Ивчева.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека сите присутни лица се членови на партијата, со функции и оти не се разрешени.

- Според Статутот на партијата кој се почитува, тоа треба да го изврши Централното Собрание, составено од претседателите на општински, рече Ивчева.

Таа потенцира дека не ги поддржуваат Црвенковски и Георгиевски, бидејќи нивните идеи се за поделба на земјата и за промена на името.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...