Тоше Проески осамна во „Скопје 2014“

Во проектот „Скопје 2014“ место доби и нашиот најголем миленик Тоше Проески. Денеска неговата скулптура, чиј автор е Сретко Јовановски, беше поставена на „Мостот на уметноста“ кој се наоѓа на реката Вардар во центарот на Скопје.

Скулптурата на Тоше е една од вкупно 29-те скулптури, кои ќе бидат поставени на новиот мост кој треба да ги поврзе ГТЦ и кружната зграда на Јавното обвинителство.

Во средината на „Мостот на уметноста“ ќе се постави скулптура од три метри посветена на браќата Миладиновци, а двометарските скулптури на страните на мостот, освен на Тоше Проески, ќе бидат посветени и на Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Димитар Кондовски, Петар Мазев, Григор Прличев, Стале Попов, Крсте Петков Мисирков, Кочо Рацин, Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, Васил Иљоски, Ванчо Николески, Живко Чинго, Војдан Чернодрински, Димитар Пандилов, Никола Вапцаров, Неџати Зекирија, Муртеза Пеза, Адем Гајтани, Ристо Шишков, Петре Прличко, Властимир Николовски, Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, Стефан Гајдов.

Изградбата на мостот, долг 83 метри и широк 9,20 метри, чини речиси 2,5 милиони евра.

Мислите ли дека оваа скулптура соодветствува со сликата на харизматичниот Тоше Проески која постојано ја носиме во нашите срца?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Што им прави Кина на земјите што го признаваат Тајван?
- Џипсо ги прави.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
64. - Во Рим избувна голем пожар во кој стариот...
1374. - Во Арква, во близината на Падова, умре...
1536.- Со одлука на Парламентот во Англија е...
1610.- Умре италијанскиот сликар Микеланџело...