Груевски и Ахмети се договорија да не се договорат!?

Премиерот на Република Македонија Никола Груевски, по посетата на Република Српска синоќа се сретна со првиот човек на ДУИ Али Ахмети.

Средбата дојде по сериозно влошените и затегнати односи во коалицијата по настаните во Слупчане и воведувањето на законот за бранителите во собраниска процедура од страна на членови на ВМРО-ДПМНЕ. Ахмети на средбата му го пренел на премиерот Груевски официјалниот став на ДУИ во врска со ова прашање.

Од извори блиски до ДУИ, „Дневник“ јавува дека Ахмети образложил дека настанот во Слупчене не е инцидент, туку дека е во духот на Охридскиот договор. Тој потенцирал дека немале никаква намера со тој чин да се навреди или провоцира ниту една етничка заедница во Македонија. На тоа, пак, Груевски одговорил дека настанот во Слупчане длабоко ги повредил чувствата на Македонците.

За Законот за бранителите, пак, Ахмети го повторил веќе познатиот став - Или да бидат опфатени и припадниците на ОНА, со што тие би ги добиле истите права како и припадниците на безбедносните сили, или Законот да се повлече.

Ако тоа не се случи, тогаш, според Ахмети е доведено во прашање и опстојувањето на коалицијата.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денес ќе одржи седница на која ќе се заземе конечен став во врска со последните настани и коалицијата со ДУИ.

Според лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, конфронтацијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не е искрена.

- Ова што го гледаме овие денови го гледаме по десети пат во релациите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во изминатите неколку години. Се изнаслушавме во разни ситуации жестоки критики, меѓусбени условувања и уценувања за на крај секогаш да се случи еден евтин политички пазар меѓу двете партии во власта и сето тоа да заврши со една топла братска коалициона прегратка, вели Црвенковски.

Неофицијално за во недела е закажана уште една средба помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и ДУИ Али Ахмети.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...