Македонија очекува почеток на пристапните преговори до крајот на годината

Скопје, 21 септември 2012 (МИА) - Македонија посакува и очекува обновена препорака од Европската комисија за почеток на пристапните преговори и нивен фактички почеток до крајот на оваа година, истакнал министерот за надворешни работи Никола Попоски на денешната средба со шефот на Делегацијата на Европската унија во РМ, амбасадорот Аиво Орав.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на средбата се разговараше за резултатите од третиот состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво со Европската комисија, кој се одржа на 17 септември, претстојниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во 2012 година, како и за перспективите и очекувањата за донесување одлука за почеток на пристапните преговори на декемвриските состаноци на Советот на ЕУ.

Министерот Попоски изрази задоволство од заклучоците од Пристапниот дијалог на високо ниво и нотираните постигнувања во петте клучни области, реафирмирајќи ја заложбата за натамошен напредок и континуирани резултати во реформите во судството, јавната администрација, медиумите, изборниот процес и зајакнувањето на пазарната економија.

- Посакуваме и очекуваме ваквиот моментум да резултира со обновена препорака од Комисијата за почеток на пристапните преговори и нивен фактички почеток до крајот на оваа година, истакна Попоски.

Амбасадорот Орав ги пренесе позитивните впечатоци од оствареното во изминатиот период и посебно резултатите во рамките на Пристапниот дијалог на високо ниво. Искажа уверување дека спроведените реформи и остварените резултати во сите аспекти од Копенхашките критериуми за членство ќе бидат соодветно нотирани и валоризирани од страна на Европската комисија во претстојниот Извештај за напредокот на Македонија.

На средбата беа разменети мислења и за регионалната соработка, при што министерот Попоски информираше за претстојните активности на македонското претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, како и за македонските иницијативи за унапредување на добрососедските односи преку конкретни проекти од заемен практичен интерес за граѓаните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...