Втора жртва од западнонилска треска во Македонија

Скопје, 25 септември 2012 (МИА) - Жена на возраст од 83 години хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје вчера починала од западнонилска треска.

Жената беше хоспитализирана на Клиниката во тешка општа состојба. Двеиполгодишното девојче кај кое исто така беше дијагностицирана западнонилска треска вчера од Детската клиника е префрлено на Инфективната клиника поради тешката општа состојба во која се наоѓа.

- Детето е се уште во сериозна, односно во потешка општа состојба. Се даваат максимални напори за лекување и негово извлекување од оваа состојба, рече д-р Валерија Кирова Урошевиќ, лекар-специјалист на Клиниката за инфективни болести.

Останатите двајца пациенти кај кои претходно беше дијагностицирана западнонилската треска, како што соопшти денеска Кирова Урошевиќ, се во добра општа состојба и во фаза на излекување.

Засега нема индикации за нови случаи од западнонилска треска. Во последните 24 часа исто така нема ниту прилив на нови пациенти сомнителни на западнонилска треска.

Во Македонија досега се евидентирани петмина заболени од западнонилска треска, од кои двајца починаа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...