Информацијата за смртта на Самарџиев е морбидна фантазија

Атина, 30 септември 2012 (МИА) – Таков инцидент се нема случено. Тоа е морбидна фантазија, соопшти денеска портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас во врска со информациите во македонските медиуми дека во Солун починал извесен Александар Самарџиев, кој претходно бил претепан од припадници на неофашистичката „Златна Зора“.

Иако македонската Влада не соопшти ништо официјално и нагласи дека ќе излезе со реакција откако ќе има официјална потврда за сите информации, Делавекурас не пропушти да ја повика Владата да „биде попретпазлива и да не остава простор за вештачко заострување и пораст на национализам“, јави дописникот на МИА од Атина.

Веста за смртта на Самарџиев прво ја соопштија неколку организации на Македонци во странство повикувајќи се на информација на негов братучед Стилјан Самарџиев, а потоа во телефонско јавување за дневникот на МТВ ја потврди и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

Сакајќи да бидат ексклузивни и да креваат рејтинг со сензационализам, веста за наводната смрт на Самарџиев ја пренесоа сите информативни портали, онлајн агенции и некои електронски медиуми, кои прескокнувајќи го основното новинарско правило за една информација да се имаат најмалку два извори, побрзаа со објавување на веста. Денеска веќе и некои грчки информативни портали објавуваат што информирале медиумите во Македонија. Веста може да се прочита и на интернет страниците на повеќе балкански медиуми и портали, кои се повикуваат на синоќешните информации од македонските медиуми.

Ниту македонската Амбасада во Атина, ниту партијата на Македонците во Грција „Виножито“ немаат никаква информација за ваков настан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...