Бев уценуван од СДСМ

Скопје, 2 октомври 2012 (МИА) - Дискусијата по измените и дополнувањата на Изборниот законик македонските пратеници ќе ја продолжат по еден час пауза, најави претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

- За сите закони што се дел од високиот претпристапен дијалог и составен дел на патоказот, СДСМ заедно со своите коалициски партнери дава апсолутна поддршка. Без дилема, СДСМ бара, инсистира и ќе ги употреби сите деловнички инструменти да предложи сериозни измени во изборното законодавство, рече Весна Бендевска од СДСМ.

Според неа, владејачкото мнозинство со вака предложените измени покажува дека нема политичка волја и капацитет да ги развива демократските процеси во Македонија. Бендевска информира дека се работи за шест приоритетни препораки, а 28 дополнителни. Посочи дека шесте приоритетни препораки бараат да се исчисти изборното законодавство од недоследности. Таа побара низ отворена дебата да се предложат сериозни измени и најави дека ќе поднесат амандмани.

Реплицирајќи пратеникот Амди Бајрам од Сојузот на Ромите од Македонија рече дека додека бил во притвор му било понудено да излезе од таму со цел на изборите да работи во корист на Бранко Црвенковски, кој тогаш бил кандидат за претседател.

- 9.000 евра за мојата партија ми даде Бузлевски за да работат моите ограноци. Работевме низ цела Македонија за Бранко Црвенковски, мојата партија, партијата на Неждет Мустафа и на Самка Ибраимовски. Тоа го направивме и во Шутка, каде излегоа 11.200 гласачи, рече Бајрам.

Пратеничката Бендевска рече дека очекува сериозна реакција од јавниот обвинител Шврговски, односно да го повика Амди Бајрам, кој како што рече, учествувал во изборна манипулација.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, реплицирајќи рече дека има многу што да се каже по јавното признание на  Амди Бајрам, кој го штити пратеничкиот имунитет и кој првпат кажува како бил уценуван.

- Тоа јасно зборува за принципот на работа на СДСМ. Тоа е јавно признание. Граѓаните на Република Македонија треба да бидат охрабрени да ги пријавуваат сите злоупотребувачи на избирачкото право. Сите оние кои ги третират граѓаните како стока која треба да се купува и продава. Тоа го прават луѓето од СДСМ, рече Бонева.

Мојата цел е секој граѓанин на Македонија, потенцираа таа, да знае дека минимум пет години затворска казна ќе има секој кој ќе се дрзне да ги третира така. Бонева обвини дека СДСМ ја насочуваат дискусијата во друг правец и оти не сакаат фер и демократски избори.

Пратеникот Амди Бајрам рече дека добил смртни закани на мобилниот телефон, по што опозицијата обвини дека тој се искористува со цел да се сврти дискусијата во друга насока.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ја прекина седницата и најави дека ќе продолжи во 15:30 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...