Владата доби поддршка од Собранието

Скопје, 6 октомври 2012 (МИА) - Владејачкото мнозинство го квалификува барањето на опозицијата како изнуден, неискрен потег кој не заслужува да добие поддршка, и блеф со единствена цел, да се внесе хаос во државата и да се продуцираат меѓуетнички тензии.

Премиерот Никола Груевски кој се обрати пред гласањето, изрази благодарност за интерпелацијата зашто нејзиното поднесување, како што рече, ги исфрли на површина суштинските разлики меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Според него, пратениците и членовите на СДСМ не се навикнати некој политичар да реагира принципиелно, да биде чесен и искрен.

- Вие се гледате низ призмата на сценарија зашто вашиот претседател на тој начин 20 години се одржува на политичката сцена. Мислите дека така треба, тој за вас е успешен човек. Сметате дека сите се такви, но грешите. Ние немаме никакво сценарио. Напротив, имаме принципиелни разлики кои се уште постојат, испливаа на површина и не се резултат на само еден настан, туку на повеќе, рече Груевски.

Тој напомена дека не планира, ниту сака да биде претседател на Влада по секоја цена, да седи во фотелја и да прави секакви компромиси само за да ја задржи позицијата. Подготвен е, потенцира, и за избори, во ноември, декември, јануари, февруари, март.....

- Додека сум премиер, сценарија нема да има. Можеби затоа ви е тешко да разберете многу мои постапки, затоа сте во иста ситуација и по седум години, со шест изборни порази. Токму затоа што сте такви народот ве казнува, подвлече Груевски.

Осврнувајќи се на актуелните случувања, Груевски напомена дека нашето општество е кревко и поради тоа мора внимателно да се постапува, а проблемите треба јасно и гласно да се кажат. Тој го повтори ставот дека законот за зајакнувања на правата на бранителите треба да се донесе, но не и за т.н борци на ОНА.

- Настанот во Слупчане беше контрапродуктивен и ако целта беше некакво помирување како што беше кажано потоа во јавноста, не се сфати така, туку како предизборна провокација. За мене тоа беше неприфатливо и веднаш го повикав министерот за одбрана, му го кажав тоа директно и жестоко реагирав на таквото однесување. Промената на таблите во училиштата по насилен пат е акт на провокација, ставањето провокативни имиња не придонесува во градењето доверба, како што не придонесува и незакоснкото менување на имињата со што се демонстрира непочитување на Уставот и законите, посочи Груевски.

За провкација, додаде, може да се смета и интонирањето на албанската химна при почетокот на учебната или студентската година. Не смее да се злоупотребува химна на друга држава во такви моменти, посебно во контексt на претходно спомнатите настани на хиперсензибилизирана јавност со вакви теми.

- 2001 не е така далеку како што ни изгледа. Раните на двете страни се уште не се залечени и затоа мораме претпазливо и со почит кон другиот да ги креираме сите наши постапки. И да разбереме дека намерите се најчесни, најискрени и конструктивни, нивната функција нема поента ако со тие дела се повреди нечие чувство или нечие достоинство, исткана премиерот.

Тој во обраќањето потсети дека Владата досега реализира над 2.300 проекти и уште преку 1.000 планира да спроведе, за сите нив дава отчет, а на изборите она што ќе го вети, го исполнува. Програмата е јасна, реална, а делата се видливи, конректни.

- Токму тоа и останатите наши најавени силни мерки во економијата, елиминирањето на доцнењата на ДДВ-то, оргомните инфраструткурни објекти, автопати, гасоводи и централи за 2013 година, зголемувањето на пензиите и очекувањето дека Европската комисија ќе даде најпозитивен извештај досега, се причините за интерпелацијата. Тоа ви сметаше, но за вашата одговорност сами треба да се свестите. Слушнав денеска многу празни зборови и многу искривени тези, но тие говорат за оние што ги изнесуваат. Јас зборувам јасно и со факти, посочи премиерот.

Пред светската криза, рече, Македонија имаше историски најголем раст од шест отсто, а лани во екот на рецесијата забележавме еден од најголемите растови во Европа.

- Во сложени услови успеавме да ја намалиме невработеноста од 39 на 31 отсто. Од 2006 до 2008 година во Македонија се реализирани гринфилд инвестиции од преку 1,5 милијарди евра, забележан е раст на платите од 52 отсто, а на пензиите од 35 проценти, додека за најмалите 42 отсто. Нивото на девизни резерви е најгилемо досега и изнесува 2,1 милијарда евра, не зголемивме ниту еден данок, денарот е стабилен, доделивме 130 милиони евра земјоделски субвенции кои догодина ќе бидат повисоки, имаме шетврти најнизок долг во Европа, 30 отсто од БДП, а буџетскиот дефицит е меѓу најниските во Европа, рече Груевски.

Во последните пет години, додаде, Светска банка не рангира меѓу најдобрите реформатори, мометно сме на 22. место во светот. Придонесите се намалени од 32 на 26,5 отсто, извозот е зголемен за 66,1 процент,....

- Не обвинувате дека сме ги забавиле евроатлантските интеграции. Тоа ми е најчудно зашто три пати по ред добивме позитивен извештај за напредокот на земјата и препорака од Европската комисија за почеток на преговорите, визна либерализација, на два НАТО самита добиваме потврда дека сме ги исполниле сите критериуми, истакна премиерот.

Во текот на расправата генерален став на опозицијата беше дека Владата е во криза, меѓуетничките односи се загрозени, а економската состојба се полоша. За владејачкото мнозинство, пак, целта на СДСМ преку поднесувањето на интерпелацијата не беше да се спроведат избори, туку повторно, по секоја цена да се девалвираат и критикуваат институциите и Владата, како и да се фрли сенка врз очекуваниот позитивен Извештај за напредокот на земјава од Европската комисија.

ДПА најави дека ќе гласа воздржано, ќе му остави на албанскиот коалициски партнер да одлучи дали ќе падне Владата или не. ДУИ го квалификува ваквиот пристап како несериозен.

Според Деловникот, доколку и биде изгласана доверба, повторно прашање за доверба на Владата не може да се постави пред истекот на 90 дена, освен ако тоа не го побараат мнозинството од вкупниот број пратеници.

Последен пат гласање за доверба на Владата имаше на 7 јуни 2007 година, кога претседател на Парламентот беше Љубиша Георгиевски, а премиер Никола Груевски. Владата и тогаш доби доверба од Законодавниот дом.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...