ЕК го задржа кредибилитетот со давањето нова препорака

Придавката “македонски” ја има двапати во извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во евроинтегративниот процес. По две години, потврдувам дека се вративме на претходната практика, а тоа е употребата на придавката македонски. Но, за мене не се најважни придавките и колку тие се застапени, туку супстанцата и новиот јазик на препорака што ја дава Комисијата.

Ова за МИА го изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе по денешната прес-конференција на која го престави прогрес-извештајот за земјите-кандидати за членство во Унијата.

“Само што кажав дека можете да направите нешто за четврти пат и дека тоа можете да го направите поинаку“, и порача Филе на Македонија денеска, откако соопшти дека Европската Комисија по четврти пат предлага датум за старт на пристапните преговори со Македонија. Тој повтори дека ЕК е подготвена да предложи рамка за преговори, што ќе ја земе предвид потребата од решавање на спорот со името во раната фаза од преговорите, доколку биде донесена одлука за нивен старт.

На прашање на дописникот на МИА дали кредибилитетот на Комисијата ќе биде загрозен доколку Советот на ЕУ не ја прифати и четвртата препорака и не отвори преговори за пристапување на Македонија во Унијата, комесарот Филе со одговор дека ЕК ќе го загубела кредибилитетот доколку не дала препорака.

-“Останува на Советот на ЕУ да ја прифати оваа препорака, што ние ја даваме со цел да се фати моментумот на реформите, а и да се искористи можноста да прашањето за името да се реши во почетната фаза од преговорите за членство на вашата земја во Унијата“, изјави Филе.

Инаку, на неговата прес-конференција во седиштето на Комисијата, еврокомесарот посочи дека Пристапниот дијалог на високо ниво придонел за забрзување на реформите и за нивен напредок. Тој смета дека отворањето на пристапните преговори ќе придонесе за создавање на услови за решение на спорот со името.

“Одржувањето на добрососседски односи е есенцијално. Мора да се најде солуција на прашањето за името без одложување. Отворањето преговори ќе придонесе за наоѓање на такво решение. Имаме добар Пристапен дијалог на високо ниво со Владата на ПЈРМ. Во трите рунди, Владата и премиерот Никола Груевски сериозно пристапија кон дијалогот и испорачаа голем број на прашања“, посочи Филе.

Комесарот истакна дека она за што треба да се биде загрижен е што 11 години по потпишувањето на Охридскито рамковен договор, се уште се гледаат обновени недоразбирања, но не тензии, а кои се на етничка база.

“Во процесот на пристапување и проширување, научивме многу лекции, а една од тие е кредибилитетот, трансформативната сила и владеењето на правото. Ако една земја-кандидат не ги исполнува домашните задачи, таа може да биде успорена во процесот на преговори, па сега бараме начин како да се осигураме дека во однос на прашањето за име во рамки на пристапниот прогрес би го решавале во почетната фаза, а не да го оставаме за подоцна пред крај на процесот да биде допрен. Ова би функционирало ако се реши во почетна фаза и може да добиеме солидни гаранции од земјата што ќе се обврзе на тоа“, објасни првиот човек за проширување на Унијата.

Филе го спомена и Меморандумот за разбирање што грчкито министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос и го испрати на макеоднската Влада. Комесарот вели дека тоа го смета за сериозна иницијатива.

“Важно е и јас тоа го ценам и имам респект, што премиерот, министерот за надворешни работи и Владата на Грција во време кога се притиснати од економски и финансиски прашања, се гриожат и за нивното претседателство во 2014 година со Советот и придонесуваат за европската перпсектива на Западен Балкан. Се надевам дека ќе има позитивна реакција од Скопје во нивните идеи во врска со овој Меморандум и се надевам дека двете земји ќе креираат подобра атмосфера за финално решавање на ова прашање“, рече Филе, потенцирајќи дека ЕК препорачува компатибилно нешто во тој процес и дека тој е силно сум уверен оти тоа е компатибилно и со процесот што се одвива под капата на Обединетите нации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...