Извештајот е позитивен, на потег е македонската влада?!

Позитивна е атмосферата во Македонија по извештајот за напредокот од Брисел. Препораката за преговори е добра, но притисокот е сега врз Владата, да одговори со контра предлог до Атина, велат експертите.

Позитивниот извештај и препораката за отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ со паралелно решавање на спорот со името во нивна рана фаза, според експертите е признание за реформите, но повеќе поттик за сериозни преговори со јужниот сосед. Драматично подобрената реторика на Филе во прилог на Македонија во услови кога земјата нема постигнато којзнае каков напредок за разлика од лани, според универзитетскиот професор Стево Пендаровски е токму во функција на засилување на активностите во преговарачкиот процес:

Штефан Филе„Филе вели дека Македонија не смее да го одбие меморандумот за името, кој пред некој ден дојде од грчката Влада, дека треба да понуди свој контра предлог и претпоставувам дека потоа ќе се состанат преговарачите и процесот ќе биде практично вратен во колосек. Филе децидно вели дека македонската страна треба децидно да ја следи волјата, на почетокот формално искажана се разбира од грчка страна, и да одговори а не да го одбие меморандумот за разбирање кој Грците го продуцираа пред некој ден“, смета Пендаровски.

DW.DE

Европската комисија бара истовремени преговори за ЕУ и за иметоФиле: да се искористи предноста на предлогот на КомисијатаИнсистирањето за решавање на спорот во рана фаза од преговорите за членство создава притисок врз двете држави, но поголем врз Македонија смета Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика. Владата во Скопје според нејзе треба да се подготви добро за преговори, бидејќи одговорноста се префрла на нејзин терен:

„Значи ние сепак очигледно е дека во преговорите треба веќе да излеземе со конкретни предлози. Тоа беше јасно и од она што го изјави Филе. Се очекува одговор на меморандумот и од македонска страна со конкретни предлози. Многу јасна порака во изјавата на еврокомесарот“, смета Јорданова.

Позитивниот извештај и препораката за паралелни преговори со разговорите околу името според професорот Димитар Мирчев дава добри сигнали и ќе влијае позитивно не само во Македонија туку и во регионот: „Јас многу се надевам дека после сите овие консултации, после пресудата на Хашкиот трибунал, после позитивните сигнали од самитот на НАТО во Чикаго, дека нашиот јужен сосед ќе прифати некој позитивен пристап. Меморандумот на министерот Авромопулос ми се чини дека е нивен позитивен чекор во таа насока“, смета Мирчев.

Премиерот Никола Груевски изјави дека со доделувањето на датум за пристапните преговори Советот на ЕУ ќе отвори ново поглавје во односите со Македонија што земјата ќе знае да го оцени и вреднува. Тој најави дека за три недели ќе биде готов акцискиот план со кој ќе бидат адресирани забелешките.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...