Обвинителството има цврсти докази во случајот „Монструм“

Скопје, 26 октомври 2012 (МИА) - По однос на кривичниот предмет познат во јавноста под називот „Монструм“, а се однесува на петкратното убиство во атарот на село Смиљковци во м.в. „Смилковско езеро“, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопшти дека по завршената истрага, оцени оти има доволно цврсти докази кои ќе бидат изнесени пред надлежниот суд, а со кои ќе се докаже дека обвинетите навистина ги превземале дејствијата опишани во Обвинителниот акт, кои ги исполнуваат битните елементи на кривичните дела кои им се ставаат на товар.

Меѓународните стандарди во областа на заштитата на сведоци и жртви, а кои стандарди се прифатени и се дел од Законот за заштита на сведоци кој се применува во Република Македонија, како и одредбите во Законот за кривична постапка, обезбедуваат инструменти преку коишто се заштитува идентитетот на заштитените сведоци и нивните семејства, се подвлекува во соопштението и се потенцира дека каква било шпекулација изнесена во јавноста по однос на заштитени сведоци остава простор за разоткривање на нивниот идентитет со што може да се загрози нивниот живот и животот на нивните најблиски. Тоа, се посочува, е во спротивност со потребата пред судот во законита постапка да се утврди материјалната вистина со што се причинува директна штета на сите учесници во кривичната постапка.

Поради шпекулациите изнесени во одредени медиуми околу наводно истечен мандат на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, меѓу кои и на јавниот обвинител Гордана Ѓешкоска, соопштуваат дека сите јавни обвинители коишто ја извршуваат својата функиција во ова јавно обвинителство имаат мандат во рамки на кои тие ја извршуваат својата секојдневна работна задача. Мандат за својата функција има и јавниот обвинител Гордана Ѓешкоска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...