Митинг на здружената опозиција во Скопје

Скопје, 28 октомври 2012 (МИА) - СДСМ заедно со партиите од опозицискиот фронт вечерва на плоштадот „Македонија“ во Скопје одржа митинг на кој  претстави дел од кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски од митингот упати порака до власта покрај локални, во март идната година истовремено да се одржат и предвремени парламентарни избори, бидејќи вели, наместо да ги решава проблемите создала нови.

- За да работите во оваа земја се придвижат во правилна насока потребна е промена на генералниот курс на државата. А за него се одлучува на парламентарни избори. Па тогаш во март нека бидат и локални и предвремени парламентарни избори. И нека се знае веќе еднаш кој пат ќе го фатиме. Нека реши конечно народот за што е. Бараме парламентарни избори во март, рече Црвенковски.

Доколку земјата на 10 декември добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, тоа според него, ќе значело оти власта се договорила за промена на името, па побара од премиерот да го одржи ветувањето за референдум.

- Во март нека се одржи и референдумот. Па се заедно нека се стави на маса. Во еден ден нека се одлучи за се, рече претседателот на СДСМ.

Покрај критиките до власта тој се осврна и на тоа што ќе понуди опозицијата. Вети, меѓу другото, дека ќе се борат за држава во која нема да се троши на непродуктивни проекти додека не се преполови невработеноста и сиромаштијата, задолжување со кредити само за капитални инвестиции, политика на откупни цени во земјоделството, незадирање во автономијата на универзитетите и поттикнување на проекти што промовираат интеграција во општеството. 

Mитингот, кој се одржа под мотото „Иднината сега“, го отвори Андреј Жерновски, кој е кандидат на опозицијата за градоначалник на општина Центар.

Тој порача дека ова е време кое бара одлучност и храброст и посочи оти на следните избори битката меѓу партиите од политичката левица, политичката десница и политичкиот центар, ќе се води меѓу оние кои се „за“ и кои се „против“ демократска Македонија.

- Затоа ние Либерал-демократите одлучивме да бидеме дел од оваа моќна победничка коалиција на сите опозициски партии. Оваа битка е одлучувачка за Македонија и ќе ја водиме заедно рамо до рамо, без партиски обележја. Се обединивме под едно име „Сојуз за иднината“ со цел да направиме промени, рече Жерновски. Тој додаде дека целта е, како што рече, да ја вратат изгубената демократија, надеж и иднина и да го спречат натамошното економско пропаѓање на граѓаните и државата.

Доколку биде избран за градоначалник, Жерновски вети дека нема да се рушат објектите од Проектот „Скопје 2014“, но веднаш ќе спроведе ревизија за тоа како се потрошени парите за овој проект.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Јани Макрадули вети дека ќе биде градоначалник, кој ќе го обедини Скопје во различностите, а меѓу неговите приоритети ги наброја инвестирањето во гасификација, образование, култура, во одржлив развој на мали и средни претпријатија и во спортот.

Пред присутните се обрати и кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба, Борче Стефановски, кој доаѓа од редовите на ВМРО-НП. Тој посочи дека лидерите на  неговата партија и на СДСМ имаат доблест настрана да го тргнат политичкото ривалство заради градење на просперитетна и демократска Македонија.

На митингот присуствуваа членови и симпатизери на СДСМ и партиите од опозицискиот фронт кои организирано пристигнаа во Скопје од сите градови на Републиката.

Со вечерашниот митинг во Скопје СДСМ го завршува проектот Работно лето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...