ДУИ во Собранието достави 15.451 амандмани

Скопје, 29 октомври 2012 (МИА) - Демократската унија за интеграции (ДУИ) поднесе 15.451 амандман за Предлог на законот за посебните права на бранителите, кој повторно влезе во собраниска процедура откако пратениците денеска во рамки на утврдувањето на дневниот ред на 45. седница гласаа тој да се разгледува по скратена постапка.

Поднесените амандмани  треба да се разгледуваат на Комисијата за труд и социјална политика, чија седница е закажана за четврток. Дотогаш ДУИ има право да достави уште амандмани.

Претходно законот беше во редовна собраниска процедура, но откако ДУИ го блокира неговото донесување на Комисијата за труд и социјална политика, неговиот предлагач ВМРО-ДПМНЕ го повлече текстот за веднаш потоа да го достави истиот закон, но по скратена постапка.  

Со законот за бранителите се регулираат правата на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, а за такви се сметаат припадници на МВР, Министерството за одбрана и резервниот состав.

И денеска на почетокот на 45.седница пратениците од партиите на Албанците во Македонија беа со став дека законот е дискриминирачки, дека не треба да се донесе, а оние од ДУИ најавија оти повторно ќе го блокираат неговото донесување, овојпат со поднесување илјадници амандмани.

- Нема да бараме повлекување на законот бидејќи немаме поддршка за тоа. Но, ние сме против ваков закон, поради што повторно ќе ги искористиме сите институционални можности да го блокираме неговото донесување. За таа цел ДУИ подготвува околу 15.520 амандмани, рече координаторот на ДУИ Талат Џафери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...