Честитка од претседателот Иванов по повод Божик



Скопје, 6 јануари 2013 (МИА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите христијани по повод големиот празник раѓањето Христово - Божик.

- Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник Раѓањето Христово - Божик, и да Ви посакам во добро здравје, радост и среќа да ги поминете празничните денови, се вели во честитката од претседателот Иванов до г.г. Стефан.

Празнувајќи го овој голем празник во кругот на нашите семејства и ширум храмовите на нашата света Македонска православна црква, се додава, да не заборавиме да посведочиме за безмерната божја љубов и милосрдие и инспирирани од Исусовото раѓање да го славиме и да му се радуваме на животот.

- Во духот на пораката на овој празник на светлината, дозволете уште еднаш најискрено да посакам во срцата на сите православни верници да се всели мирот и спокојството, почитта и разбирањето и да продолжиме да даруваме безусловна љубов кон ближните, секогаш подготвени безрезервно да им ја понудиме нашата помош и поддршка. Нека е честит празникот и за многу години. Христос се роди!, се нагласува во честитката од претседателот Иванов по повод Божик.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...