Вељаноски ги распиша локалните избори

Скопје, 11 јануари 2013 (МИА) - Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска ги распиша локалните избори што ќе се одржат на 24 март.

Вељаноски денеска согласно роковите утврдени во Изборниот законик го потпиша Решението за распишување избори на членови на советите на општините и Советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на Градот Скопје.

Законските одредби предвидуваат локалните избори да се одржат во втората половина на месец март, а во законскиот рок од 70 до 90 дена на располагање биле два термини, првиот е 24 март, а вториот 31 март, но бидејќи на 31 март е голем верски празник Велигден за граѓаните од католичка вероисповед спикерот одлучил локалните избори да ги закаже на 24 март.

Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија како орган за спроведување на изборите.

Претседателот на Собранието во денешната куса изјави ги повика сите учесници во изборниот процес своето однесување и своите постапки да ги раководат и усогласат исклучиво со одредбите од Уставот и законите на најдостоинствен начин што, според него, ќе овозможи континуитет во добивањето на најпозитивни оценки за спроведување на овој исклучително значаен процес.

- Секој нов изборен процес треба да значи одржување и надградба на добиената позитивна оценка на претходниот. Да направиме максимални заложби Република Македонија да добие уште едни фер и демократски избори, заради остварување на стратешките евроатлантски одредби на државата и заради доброто на граѓаните на Република Македонија, рече Вељаноски.

Неопходно е, според него, политичките актери во земјата да испратат силна порака дека на патот на сите предизвици, заедно и сплотено имаат капацитет да се справат со нив, да се соочат и со најчувствителните прашања и да се издигнат над тешките моменти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...