ФОТО: Локализиран пожарот во зградата на Македонски пошти

Во главната зграда на Македонски Пошти во центарот на Скопје попладнево избувна голем пожар.

Противпожарните екипи по речиси двочасовна интервенција го локализираа пошарот што избувна попладнето во главната зграда на Македонски пошти во центарот на Скопје.

Пожарникарите со осум противпожарни возила успеаја да ги смират пламените јазици високи неколку метри, но над зградата се уште се издига чад.

Едно лице е пренесено во Клиниката за хирушки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, поради гушење.

Директорката на Клиниката, Јасмина Чабуковска за МИА изјави дека станува збор за маж на околу 35 години кој се пожалил на тешкотии при дишењето. Тој е во стабилна здравствена состојба и во моментов е на опсервација.

Според првичните информации, пожарот избувнал во сервер салите во Македонски пошти.

Директорот на Македонски пошти Рафис Аљити рече дека во моментот на избувнување на пожарот бил во својот кабинет, кога вработените го информирале дека има пожар, по што веднаш вработените биле евакуирани. Една вработена која била заглавена во просториите, била извадена преку прозорец од третиот кат со помош на скали.

Портпаролот на СВР Скопје Лиза Бендевска информира дека пожарот бил пријавен во 16 часот и 20 минути.

Очевидци тврдат дека пред избувнувањето на пожарот слушнале силна експлозија.

На местото на настанот вечерва беа и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

Ова е втор голем пожар во центарот на Скопје во последните денови. Минатата недела се запали дел од првиот кат на Градскиот трговски центар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...