Пукна браната на Слатинско езеро

Според последните информации од теренот, оштетена е половина од браната, а според интензитетот, можно е вечерва комплетно да се урне.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека засега не постои голема опасност за жителите на овој регион. Тврдат дека на терен се излезени екипи од регионалниот ЦУК кои се обидуваат да го санираат проблемот. Додаваат дека ситуацијата може да се влоши и доколку тоа се случи тие ќе реагираат соодветно.

Неофицијално, населението не е во опасност, а вакви случаи имавме и порано. Последен пат браната попушти во јануари 2011 година кога земјениот насип пропадна на површина од околу 80 квадратни метри.

Жителите на охридско Слатино се плашат за своите ниви, кои може да бидат целосно поплавени и уништени ако продолжат проблемите со браната.

Слатинската акумулација служи за наводнување и е во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Вештачката акумулација, направена во 1963 година, се полни со вода од Мраморечка Река. Вкупно собира 1,4 милион кубни метри вода, со кои се наводнуваат 420 хектари земјоделско земјиште во тој крај. Но ова езерце, оддалечено само 35 километри од Охрид, станува сe попривлечна дестинација и за спортските риболовци, кои постојано го посетуваат, а високиот квалитет на водата е предуслов и за развој на туризмот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...