Филе, Ховит и Бузек доаѓаат во Скопје да притиснат

Брисел, 28 февруари 2013 (МИА) - Еврокомесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе, заедно со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит и поранешниот претседател на Европарламентот Јиржи Бузек, вечер доаѓаат во Скопје со цел да извршат притисок да се стави крај на политичката криза.

Портпаролот на Филе, Петер Стано, денеска на официјалниот прес-брифинг во зградата на Европската комисија ја соопшти оваа вест, која со соопштение во исто време ја потврдија и од канцеларијата на известувачот Ховит, јавува дописникот на МИА од Брисел.

- Имаше сериозни изјави претходни денови и недели од страна на ЕУ, а кои дојдоа поради ситуацијата во ПЈР Македонија. Комесарот Филе ќе отпатува во ПЈР Македонија вечер во заедничка мисија со членовите на Европскиот парламент Ховит и Бузек, со цел да се сретне со засегнатите страни и да придонесе да се најде начин како да се надмине сегашната политичка криза. Солуција на кризата ќе помогне да се создадат услови за извештајот кој ЕК го подготвува врз база на одлуката на земјите-членки за оваа пролет. Таа ќе креира услови овој извештај да биде позитивен, истакна портпаролот на Филе.

На прашањето на дописникот на МИА, што придонесе да се смени позицијата на Филе, кој мината недела рече дека нема да го посети Скопје поради ситуацијата, а сега остварува итна посета, дали сега доаѓа оти состојбата е вжештена и има уште три дена опозициската СДСМ да пријави кандидати за градоначалници и советници, и дали ќе ги притиска нив да го сторат тоа или властите да ги сменат условите, Стано наведе дека дека „одговорот на ова прашање лежи во неодамнешните изјави, а целосен одговор ќе има утре, кога ќе се знае повеќе“.

Во соопштението испратено од известувачот од ЕП, Ховит, пак, се наведува дека во светло на сегашната политичка криза, тој заедно со Бузек и Филе ќе дојдат во Скопје и притоа се наведува:

- Нашето заедничко присуство, како ЕП и ЕК, и парламентарци од двете најголеми политички партии во Европарламентот, ќе покаже дека Европа е обединета во кажувањето дека сега е време на поделбите во Скопје да им се стави крај, порачува британскиот европратеник Ховит, кој според најавите требаше утрината да тргне кон македонската престолнина, но тоа го одложи за вечер, заедно со еврокомесарот за проширување и со екс-претседателот на ЕП.

Според информациите од Унијата, утрешната мисија на европската тројка ќе биде да обезбеди гаранција за крај на политичкиот застој во Македонија, со тоа што главна поента, како и претходно, ќе им биде дека политичките партии треба и мора да го стават интересот на земјата и на граѓаните на прво место, пред личниот и партискиот интерес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...