Постигнат договор за надминување на политичката криза

Скопје, 1 март 2013 (МИА) - Постигнат е договор за надминување на политичката криза, со што евроагендата се враќа повторно во приоритетите на земјата, потврди попладнево претседателот Ѓорге Иванов по заедничката средба во вилата „Водно“ со европската тројка преводена од еврокомесарот Штефан Филе, премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

- Постигнат e договор на оваа заедничка средба меѓу власта и опозицијата во присуство на нашите партнери и пријатели од ЕУ. Морам да искажам задоволство од позитивниот однос и на лидерите и од власта и од опозицијата што конечно овозможија европската агенда да се врати повторно на дневен ред во Македонија, рече Иванов. Тој искажа благодарност до претставбниците на ЕУ кои вложија многу напор и што Македонија и во вакви моменти има пријатели што мислат на нејзината иднина.  

Како што соопшти на прес-конференцијата европратеникот и известувач во Европарламентот за Македонија Ричард Ховит, на средбата договорено е да се обнови политичкиот живот во земјата, сите политички партии да се вратат во Собранието и да учествуваат на локалните избори. Нема одложување на локалните избори, а веднаш треба да се формира Ад-хок комисија  за расчистување на настаните во Собранието од и пред 24 декамври. Овој извештај како што рече Ховит, ќе биде дел и од есенскиот Извештај на ЕК за напредокот на земјата. По локалните избори ќе се спроведат изборни реформи вклучувајќи го и избирачкиот список, со кој ќе биде опфатени и препораките од извештајот на ОБСЕ/ОДИХР. Во однос на слободата на изразување, договорено е да се обнови дијалогот со Здружението на новинарите, како и да се применат други мерки за градење доверба.    

- Задоволни сме што политичките лидери покажаа политичка одговорност и овозможија да се постигне договор  со кој ќе се обнови функционирањето на институциите и ќе продолжи конструктивната работа на евроатлантската интеграција што е во најдобар интерес за земјата и за народот. Се надеваме на имплементација на договореното со што земјата повторно се враќа на патот кон евроатлантската интеграција, ќе се интензивира процесот на реформите, а Европскиот парламент и Европската комисија ќе можат да продолжат со подготовката на извештаите за земјата. Овој договор фрла светлина, но се надевам и верувам дека не е постигнат премногу доцна, рече Ховит.

Тој подвлече дека никој не треба да ги потцени предизвиците со кои се соочија партиите за да се постигне договорот, со кој според него треба да се испрати и порака до земјите членки на ЕУ

- Мојата порака до земјите членки на ЕУ е да ги надминете вашите предизвици за да  овозможите да се постигнат целите на овој договор. Договорот е клучен за евроатлантските перспективи на оваа земја и иако сум задоволен што заедно со моите  европски колеги помогнавме тој да се постигне, важно е да се нагласи дека е постигнат од партиите и за земјата, рече Ховит кој заедно со европратеникот и поранешен претседател на Европарламентот Јиржи Бусек беше дел од европската тројка.

Одговорајќи на новинарско прашање дали постигнатиот договор подразбира можност и за одржување предвремени парламентарни избори, известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит, одговори потврдно, но не прецизира кога тие би можеле да се случат.

Одговорајќи на новинарско прашање дали постигнатиот договор подразбира можност и за одржување предвремени парламентарни избори, известувачот за Македонија Ховит, одговори потврдно, но прејудицирање на временската рамка за тоа.

- На прашањето дали овој договор вклучува предвремени парламентарни избори, мојот одговор е да. Договорот опишува, но без никаква прејудицирање. Како претставник на ЕП сум авторизан да го дадам ова толкување и во име на ЕК. Додека што се однесува на временската рамка јас нема да одговорам на тоа прашање и ќе останам на тоа што го кажав, изјави Ховит. 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...