Силен удар во градите, причина за смртта на Младенов

Силен удар во градите во воланот што предизвикало внатрешно крварење, според првичните информации од обдукцијата, е причина за смртта на основачот на неделникот и дневниот весник “Фокус“ Никола Младенов, објави телевизијата Алфа, повикувајќи се на извори од истрагата.

Од Институтот за судска медицина за Нетпрес велат дека досега се утврдени причините за смртта, но дека не можат да ги откријат резултатите пред да завршат сите анализи.

Професорката Билјана Јовановска од судска медицина вели дека во текот на денешниот ден треба да завршат испитувањата на крвта и другите лабораториски испитување, по што извештајот ќе му биде предаден на истражниот судија кој го води случајот.

Телото на Младенов беше пронајдено вчера околу пладне во неговиот автомобил “мерцедес“ што излетал од автопатот Велес – Скопје во близина на клучката кај скопската населба Хиподром.

Полицијата била алармирана и почнала потрага по Младенов откако неговата сопруга Билјана пријавила дека повеќе од 12 часа не може да стапи во контакт со него. Сопружниците последен пат се слушнале околу 22 часот во средата вечер.

Во МКЦ во 11 часот почна комеморација во чест на трагично загинатиот новинар, а погребот ќе биде извршен во 14 часот на Градските гробишта во Бутел.

Младенов беше еден од најпознатите и најпочитувани новинари во земјава. Неговата смрт многумина ја оценија како голема загуба за македонското новинарство, а она што тој го стори со своето работење како новинар во прави темелник на демократијата во земјава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си бил некој лудак во лудница. Му текнало да и напише писмо на мајка му и и напишал:
- Мамо овде во лудницава ни е добро. Секој ден одиме на базен. Сите мои другари скокаат на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Англискиот суд ја прогласи за виновна Ана...
1571.- Татарски освојуачи ја запалија Москва.
1767.- Џенова на Франција и го продаде островот...
1773.- Роден е австрискиот канцелар кнез...