Аплауз за Никола Младенов од колегите и пријателите

Скопје, 28 март 2013 (МИА) - Долг аплауз во чест на трагично загинатиот новинар Никола Младенов ечеше во киното „Фросина“, на денешната Комеморација, на која присуствуваа членови на семејството, соработници, колеги новинари, јавни личности од општествениот живот, членови на дипломатскиот кор... Младенов, новинар, основач и сопственик на весникот „Фокус“, загина вчера во сообраќајна несреќа во близина на Хиподром. 

- Најбитна му беше слободата. Постојано повторуваше колку новинарите се послободни, толку се поодговорни во она што го работат. Ќе се обидеме да ги промениме условите во медиумскиот бизнис, да ги подигнеме стандардите обидувајќи се она што е европска вредност да го пренесеме на македонско тло, рече неговата сопруга Билјана Младенова.

За Младенов рече дека не бил секогаш разбран и оти се гордеел со тимот на „Фокус“ и со луѓето што работеле таму.

- Во овој момент, кој што не е ништо поразличен од другите, во којшто го тужат „Фокус“ за да покажат дека наводниот Закон за декриминализација на навреда и клевета ги промени работите, нормално требаа да пробаат и да покажат на „Фокус“, изјави сопругата на Младенов. Ниту 50.000-те илјади евра што ги плати, додаде таа, ниту овие три по 25.000 немаше да го уништат. „Фокус“ ќе постоеше.

- Тој секогаш кажуваше дека „Фокус“ не е Никола, „Фокус“ е тимот луѓе што го прават. Никола е еден човек што своето мислење го кажува преку еден уводник неделно, рече Билјана Младенова.

Никола Младенов, како што кажа неговата сопруга, се бореше во интерес на демократијата, во интерес на Македонија. - Јас барам во овој момент со еден аплауз да му се заблагодариме за се она што направи во медиумскиот бизнис, рече Билјана Младенова.    

Неговиот колега и пријател Синиша Станковиќ се присети на нивното дружење и работа во новинарството и како што рече „Никола никогаш не бил новинарче, туку новинариште“.

- Малиот Николче, со кого се дружевме во детството израсна во новинариште, педесет килограми нерви и метар и половина инает. Инает за Македонија да биде слободна земја. Сопругата Билјана и неговите две девојчиња треба да бидат горди, имаат со што да се гордеат, изјави Станковиќ.

На комеморацијата говореа и Мимоза Ристова, колумнист, Насер Селмани, претседателот на Здружението на новинари, од името на редакцијата „Фокус“ се обрати новинарот Саше Димески, а пригодна реч имаше и Тамара Чаусидис, претседател на новинарскиот синдикат.

Никола Младенов загина во сообраќајна несреќа во близина на Скопје, кај населбата Хиподром кога возилото со кое се превезувал излета од патот.

Младенов е роден на 10 март 1964 година во Скопје. Кариерата ја почнува како млад актер, но кон средината на 80-тите почнува да работи како новинар во „Млад Борец“. Потоа го основа радиото Либертас, а во 1995 почнува со издавањето на неделниот весник Фокус. Брендот на Фокус, Младенов го градеше цели 20 години. Во 2011 година го основа и дневниот весник „Фокус“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...