Тарчуловски: Сплотена Македонија е она што ни дава сила

Скопје, 11 април 2013 (МИА) - Заедно, обединети, сплотени, тоа е Македонија што мене и на сите нам ни дава сила, рече Јохан Тарчуловски од централната бина на Градскиот плоштад во Скопје, поздравувајќи го големиот број граѓани кои дојдоа да му дадат поддршка.

Изразувајќи благодарност за дочекот, Тарчуловски напомена дека секој Македонец треба да даде максимум од себе, да се бори и да прави се за Македонија.

- Треба да сме свесни и совесни за да ги победиме сите предизвици со кои се соочуваме и да извлечеме се што е најдобро за државата, напомена Тарчуловски.

Тој беше пречекан на плоштадот  со  песната „Добредојде“ од сопругата Соња Тарчуловска, како и со  македонската химна која ја изведе Сашо Гигов-Гиш.

Отпеана беше и „Едно име имаме“ со што следуваше рецитал на „Т`га за југ“.

Тарчуловски денеска по пристигнувањето на аеродромот Александар Велики се сретна со премиерот Никола Груевски и високите владини претставници во чија придружба потоа положи и цвеќе пред споменикот на бранителите во паркот „Жена борец“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на...
1943.- Ослободен е Дебар.
1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор...