ОБНОВЕНО Тројцата најтешко поврдени во сообраќајката кај Ѓер не се во животна опасност (ФОТО+ВИДЕО)

Скопје, 26 април 2013 (МИА) - Трите лица кои по сообраќајката кај градот Ѓер здобија тешки телесни повреди, веќе не се во критична состојба, изјави за МИА амбасадорот на Македонија во Будимпешта Дарко Ангелов кој денеска ги посети хоспитализираните.

- По првичните интервенции на лекарите овие лица се надвор од животна опасност и веќе се контактибилни. Добиваат соодветна медицинска грижа во болницата во градот Ѓер. Ќе им бидат направени повеќе хируршки зафати во наредниве денови по што, за седум до 15 дена, се очекува и да бидат пуштени на домашно лекување, рече Ангелов.

Според него, згрижените 4 - 5 лица ќе останат уште некој ден во Будимпешта, а помал дел од повредените се сместени во болницата во градот Татабања.

- Останатите кои имаат полесни повреди веќе се пуштени од болница. За нив е организиран превоз за Скопје преку компанијата „Тото“, додека за оние кои ќе останат на малку подолго лекување, нашето Министерство за здравство ќе организира амбулантски превоз до Македонија, информира амбасадорот.

Причините за несреќата што се случи ноќеска во 1:05 часот во близина на Будимпешта кога автобус на компанијата „Тото’ што сообраќаше на релација Скопје - Прага излета од патот и падна во канал, се уште не се утврдени. Извесно е само, како што нагласи Ангелов, дека не е вклучено друго возило, автобусот излетал поради подлизгување.

Од вкупно повредените 28 лица, 21 се македонски државјани, четворица чешки и тројца државјани на Бугарија.

Македонското МНР преку амбасадата во Будимпешта го добило записникот за сообраќајката. Возачот на автобусот е приведен од унгарската полиција и против него е поведена кривична постапка.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...