Камбовски за претседател на ад-хок комисијата

Скопје, 16 мај 2013 (МИА) - Aкадемик профeсор д-р Владо Камбовски е предложен за претседател на експертската комисија за настаните кои се случија и кои претходеа на 24 декември во Собранието од страна на Кабинетот на претседателот на државата на денешната средба на генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Кирил Божиновски и Андреј Петров.

- Ги повикуваме двете партии да се изјаснат по овој предлог на претседателот Иванов, со цел формирање на ад-хок комисијата и што поскоро започнување со нејзината работа, со крајна цел исполнување на постигнатиот политички договор од 1-ви март и целосно фокусирање кон евро-атлантските интеграции на Република Македонија, во пресрет на одржувањето на состанокот на Европскиот совет, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Јавното соопштување на предлогот на претседателот Иванов, како што се наведува во соопштението, следува по низата претходно одржани средби и неуспешни обиди за постигнување консензус за избор на претседател на комисијата.

Проф. д-р Владо Камбовски е актуелен претседател на Македонската академија на науките и уметностите, академик и професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...