Македонија во јуни да добие датум за преговори

Стразбур, 11 јуни 2013 (МИА) - На Македонија во јуни треба да и се даде датум за почеток на преговори со ЕУ, изјави претседателот на Словенија Борут Пахор денеска на прес-конференција, по неговото обраќање во Европскиот парламент во Стразбур, за неговата визија за Европа.  

На прашањето дали шефовите на држави и влади на идниот европски самит ќе имаат храброст да и доделат датум за почеток на преговори на Република Македонија, Пахор рече: „Мојот одговор е да. Иако прашањето за името не е решено, јас сум да и се додели датум за почетк на преговори на Македонија. Како голем пријател на Македонија, јас можам само да жалам што не се искористи можноста која и беше дадена да го реши проблемот со Грција. Но независно од ова, мислам дека е важно да и се даде датум за почеток на преговорите на Македонија.“

Според Пахор проблемите треба да се решаваат, а не да се продлабочуваат. - Потребно е да се најдат решенија за проблемите, а не тие да се продлабочуваат. Потребно е да и се даде датум на Македонија, но тоа е мое лично мислење. Но ова под еден услов, кога одлуката ќе биде донесена, Македонија и Грција во еден разумен рок треба да се согласат најдат решение и компромис за прашањето со името, изјави словенечкиот претседател. Смета дека во овој конфликт не треба да има ниту победник ниту поразен, бидејќи тоа се соседни земји кои ќе бидат во иста заедница. Притоа Пахор го посочи примерот на начинот на кој неговата земја и Хрватска го решија граничниот спор со компрмис. - Македонија и Грција треба да го направат истото, нагласи Пахор.

Ако на Македонија не и се даде датум за преговори, Пахор мисли дека Македонија и Босна и Херцеговина ќе бидат оставени настрана и ќе бидат заборавени на Балканот, во момент кога Србија и Црна Гора напредуваат.

Тој притоа беше категоричен дека сите земји од Балканот треба да станат членки на ЕУ.

- Перспективата за членство на балканските земји во ЕУ и перспективата на ЕУ која ги прифаќа балканските земји е нешто позитивно, но добро знаеме дека во европските институции сега се работи на справувањето со кризата и процесот на проширување се забави, изјави словенечкиот претседател.

Според претседателот на Словенија, Балканот напредуваше самиот од себе си, а не поради притисоците од Брисел. - Иднината на Балканот е зачленувањето во ЕУ, но претходно е потребно да се исполнат некои нешта, изјави Пахор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...