Иванов на Самит на ЦЕИ во Братислава

Братислава, 12 јуни 2013 (МИА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска и утре во Братислава, ќе учествува на 18. Самит на шефови на држави и влади од Централна Европа, чиј домаќин е претседателот на Словачка Република Иван Гашпарович.

Деветнаесет претседатели и домаќинот ќе дискутираат за клучните политички, економски, социјални и безбедносни прашања поврзани со закрепнување на регионот и Европа во посткризниот период. Во тој контекст, шефовите на држави и влади ќе разговараат за можностите за враќање на одржливиот раст, за изнаоѓањето начини за спречување на слични економски и финансиски кризи во иднина, како и за улогата на новите земји-членки на ЕУ во посткризното закрепнување.

Мотото на самитот е „Стратегија за раст за посткризно закрепнување“.Потврдено е учеството на Австрија, Романија, Црна Гора, Естонија, Хрватска, Украина, Полска, Латвија, Бугарија, Молдавија, Унгарија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Чешка, Косово и Словачка. Свое присуство потврди и претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј.

Претседателот Иванов, покрај обраќањето на пленарната сесија, ќе оствари и повеќе билатерални средби меѓу кои со претседателите на Полска, Молдавија, Црна Гора и Украина.

Првиот самит на шефови на држави и влади на Централна Еропа се одржа во Чешка во 1994 година. Македонија беше домаќин во 2008 година на 15. самит. 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...