Реафирмирана поддршката од САД за членство во ЕУ и НАТО

Скопје, 17 јуни 2013 (МИА) - Главен приоритет на Република Македонија останува почеток на преговорите за членство во ЕУ и реализирање на поканата за членство во НАТО, за што земјата има силна поддршка од САД, е констатирано на денешната средба во Скопје  на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со заменик помошникот државен секретар на САД Филип Рикер. 



- Во тој контекст беа разменети мислења и информации околу актуелностите во разговорите за решавање на наметнатиот спор за името, како и за очекувањата од претстојниот Совет на Европската Унија, стои во соопштението од кабинетот на претседателот.

Во насока на реализација на стратешките цели на Република Македонија - полноправно членство во НАТО и ЕУ,  беше констатирано дека двете земји ќе продолжат тесно да соработуваат.

Заменик-помошникот државен секретар на САД, пак, го потврди официјалниот став дека Вашингтон силно ја поддржува евроатлантската интеграција на Република Македонија.

Рикер ги поздрави заложбите и придонесот на претседателот Иванов во унапредување на меѓуетничките односи во Република Македонија преку поддршка на иницијативи и проекти, како што се „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“ и „Спортски бонтон“, и го поздрави успехот на Школата за млади лидери, која под покровителство на Иванов се одржува четврта година по ред.

Заеднички е констатирано дека вистински начин земјата и регионот да одржат чекор и да се прилагодат кон новите трендови во сите области е токму преку инвестирање во младите луѓе и поттикнување на нивниот придонес во науката, претприемништвото и иновациите.

На средбата, како што се наведува, беа потврдени партнерските односи меѓу Република Македонија и САД, како и подготвеноста за натамошно интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес.

Соговорниците разменија мислења и околу состојбите во регионот, при што заедничка констатација е дека влезот на Хрватска во ЕУ и постигнатиот договор Белград-Приштина, се двата најзначајни настани во изминатиов период, кои позитивно ќе се одразат на стабилноста во регионот и на евроинтеграциските процеси на земјите од Балканот.

Билатералната соработка, како и евроатланската и европската интеграција на Република Македонија, се темите на кои денеска во Владата на Република Македонија разговараа премиерот Никола Груевски со Филип Рикер.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, Груевски и Рикер искажале задоволство од континуираното унапредување на пријателските односи и интензивната соработка меѓу двете држави на секое ниво од взаемен интерес.

Во однос на евроатланската интеграција на Република Македонија, биле истакнати чекорите кои се преземаат во повеќе сфери за унапредување на процесите и стандардите, со осврт на унапредување на политичкиот дијалог во земјата.

Беше истакната посветеноста и одговорниот пристап за надминување на предизвиците на надворешно-политички план, стои во соопштението, а станало збор и за регионални прашања.

- Соговорниците разменија мислења и за регионалните случувања, настани, предизвици и перспективи, и оценија дека сите субјекти во регионот треба да дејствуваат во интерес на засилување на регионалната соработка и обезбедување на стабилизација, напредок и развој на Југоисточна Европа, се наведува во соопштението.

Рикер попладне треба да се сретне со лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев. Вчера, пак, разговараше со Теута Арифи градоначалник на Тетово и потпретседател на ДУИ.

Посетата на заменик помошникот на државниот секретар на САД задолжен за европски и евроазиски прашања Рикер на Македонија е по повод конференција на Јадранската група, која треба да се одржи утре во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...