Груевски до Самарас: Да седнеме на маса уште оваа седмица

Скопје, 3 јули 2013 (МИА) - Премиерот на Република Македонија Никола Груевски минатата недела му упатил писмо на премиерот на Република Грција, Андонис Самарас, во кое му предлага начини за надминување на застојот во разговорите за разликите за името на нашата држава, објави електронското издание на весникот „Дневник“.

Да се видиме уште оваа седмица, нагласува Груевски во писмото. Дипломатски извори, кои за „Дневник“ го потврдиле ова, истакнуваат дека станува збор за писмо со чија содржина се предлага нешто што е многу посуштинско од средбите меѓу премиерите на двете држави што се случувале во минатото.

Патем Груевски во писмото до Самарас вели дека во секој случај, веројатно, двете земји би имале придобивка од решение, што во овој момент не е можно бидејќи разговорите не напредуваат така како што би требало и така како што се очекува.

Поради тоа, тој му предлага на Самарас создавање тимови на чело со премиерите на двете држави, кои директно би разговарале за решавање на спорот и бара поддршка од Самарас за почетокот на пристапните преговори на РМ со ЕУ. 

Груевски во писмото ја бара поддршката од Самарас за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Според македонскиот премиер, тоа не само што ќе придонесе за посветла иднина за двете земји и за регионот туку и ќе ја подобри климата за успешно затворање на проблемот за името.

Груевски потенцира дека разговорите би се одвивале во рамките на мандатот на амбасадорот Нимиц за изнаоѓање решение и дека Република Македонија искрено посакува Грција и денес да биде истакнат партнер и поддржувач на нашата држава во отпочнување на пристапните преговори со Унијата. „Дневник“ најавува дека целосната содржина на писмото од Груевски до Самарас ќе ја објави во утрешното издание.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...