Груевски до Самарас:

Да седнеме со Нимиц и да го решаваме спорот

Скопје, 4 јули 2013 (МИА) - Премиерот на Република Македонија Никола Груевски минатата недела му упатил писмо на премиерот на Република Грција, Андонис Самарас, во кое му предлага начини за надминување на застојот во разговорите за разликите за името на нашата држава, објави весникот „Дневник“.

Во писмото што нуди многу поголема суштина од своевремените кафе-средби со Папандреу, Никола Груевски му нуди на Андонис Самарас создавање тимови преводени од нив лично, во кои веројатно би биле вклучени и министрите за надворешни работи на двете земји, а кои во интензивни разговори заедно со медијаторот Метју Нимиц би барале решение за спорот со името.

Двете земји имаат одлични економски и меѓучовечки односи, напишал Груевски, и Македонија е цврсто решена тие односи да ги негува и да ги унапредува вклучувајќи го тука и остварувањето заеднички проекти. За сето тоа да се унапреди, потребно е да се надминат и разликите што ги оптоваруваат односите меѓу двете држави.

Република Македонија ја цени заложбата на Грција од 2003 година целиот Балкан да стане дел од ЕУ, а во таа смисла и денес сака нашиот јужен сосед не само да го поддржи отпочувањето на пристапните преговори со ЕУ туку и да биде партнер во тие преговори. Пречка за тоа, како што истакнал Груевски, е спорот за името каде што Грција ја има силата на член на ЕУ и на НАТО, а Македонија силата на меѓународното право. Спорот треба да се надмине, а од него полза би имале и двете држави. За таа цел Груевски му предложил на Самарас двете држави да создадат тимови, на чело со самите премиери, кои заедно со Нимиц, односно под покровителство на медијаторот, целосно би се посветиле на изнаоѓање решение. Груевски во таа смисла дополнително предложил средба меѓу него и Самарас уште во текот на наредната недела, на место и во време што грчкиот премиер би ги избрал.Надминувањето на единствениот спор меѓу двете држави, навел премиерот Груевски, е приоритет на Република Македонија. Поради тоа, смета тој, потребно е двете страни да се заложат за фокусирање на напорите во државите кон надминување на таа единствена пречка во односите меѓу Република Македонија и Република Грција, со што би се надминала и единствената пречка во пристапувањето на РМ кон ЕУ.

Нашата држава настојува, напишал Груевски, токму Грција да ја поддржува во тој процес. Според него, тоа ќе значи напредок за целиот регион и тоа долгорочно. Истовремено, негова оценка е дека почетокот на преговорите со ЕУ би ја подобрила климата и би овозможил и целосно затворање на проблемот со името. Затоа, потребни се интензивни политички разговори, како што навел Груевски, на двајцата премиери, веројатно не би биле одбегнати ни министрите за надворешни работи, а се разбира, и тимовите формирани за таа намена. Сето тоа, врз основа на согледувања што ги има медијаторот Нимиц, заклучил Груевски во писмото до грчкиот колега, со кое овој пат нуди многу поголема суштина од сите досегашни своевремени кафе-средби додека премиер на Грција беше Папандреу и кои требаше да значат некакво кршење на мразот меѓу политичките раководства на Република Македонија и Република Грција.

Како што дознаваме, Груевски писмото го испратил пред неколку дена, а досега очигледно нема никаква реакција од грчка страна. Во секој случај оваа е досега најконкретна понуда од македонска страна за пронаоѓање некаков начин преку кој би се решавал спорот. Груевски нуди целиот тој процес да не излезе од рамките на ООН и со Метју Нимиц, но истовремено да биде подигнато нивото и да биде воден од самите премиери на двете држави, а ако е тоа потребно, и со нивни интензивни средби, во време и на место по избор на грчката страна. Од содржината на писмото јасно е дека тоа истовремено е и порака дека Република Македонија не отстапува од зачленувањето во двете структури, но и дека нашата земја не е таа што го кочи решавањето на спорот. Оттука нема потреба земјата да се држи надвор од НАТО и надвор од преговорите со ЕУ.

Минатата недела, во интервју за „Дневник“, премиерот Груевски истакна дека и покрај ваквата ситуација, токму Македонија е изложена на притисок во спорот со Грција со тоа што сега притисокот не е толку директен како што тоа се правело порано, туку се врши преку речиси секојдневни негативни извештаи за состојбата во нашата земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...