Оланд: Франција сака да се реши проблемот меѓу Македонија и Грција

Имајќи ги предвид добрите односи кои ги има со Грција, Франција сака да помогне да се изнајде решение за проблемот меѓу Македонија и Грција. Факт е дека дојде до застој во решавањето на овој проблем. Факт е и тоа дека ние не можеме овој проблем само да го оставиме да постои. Мора да направиме нешто во врска со тоа прашање. Поради тоа Франција сака да го искористи влијанието кое го има за да се обидеме да изнајдеме решение бидејќи ова прашање навистина беше премногу комплицирано, премногу долго трае.

Ова денеска на прес-конференција по пленарната сесија на состанокот во Брдо кај Крањ, го истакна францускиот претседател Франсоа Оланд, кој рече дека сака да ја искористи можноста уште еднаш да ја нагласи поддршката која Франција ја дава и ќе продолжи да ја дава на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија, јави известувачот на МИА.

„Постои потреба да се исполнат одреден број услови кои се многу важни за секоја од земјите. Првенствено тука мислам на реформите – политички, економски, институционални, како и реформите кои се однесуваат на владеењето на правото. Постои уште еден услов кој се однесува на целиот регион, а тој е регионална соработка и помирување. Тоа е она што вие се обидувате да го постигнете со овој процес“, рече Оланд.

Ако недоразбирањата не бидат решени, посочи францускиот претседател, ако сигурноста не им биде загарантирана на сите, не може да постои европска интеграција, не може да дојде до интеграција, Европа не може да продолжи да дава поддршка и помош на сите земји.

„Неопходно е земјите да направат се што е во нивна моќ за да ги надминат потешкотиите и недоразбирањата кои постојат меѓу нив. Доколку сакаме да дојде до она вистинско помирување во Европа, тоа ќе можеме да го постигнеме исклучиво ако се обидеме и вие и ние да ги вложиме сите наши напори Балканот да стане дел од ЕУ“, додаде Оланд.

Словенечкиот претседател Борут Пахор на прес-конференцијата рече дека процесот на проширување на ЕУ е во интерес на сите.

„Процесот не е толку брз. Наша задача е да ги решиме сите прашања кои и натаму се отворени, кои го предизвикаа распадот на поранешна Југославија. Ако не дојде до решавање на отворените билатерални прашања, тоа би претставувало голем проблем“, истакна Пахор и додаде дека следниот состанок на Брдо процесот ќе се одржи во Хрватска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...