Француска интервенција за Скопје

Атина, 26 јули 2013 (МИА) - Францускиот претседател Франсоа Оланд е подготвен да игра активна улога во решавање на прашањето за името на Македонија, јавуваат денеска грчките медиуми.

„Истакнувајќи ги добрите односи кои Париз ги има и со Атина и со Скопје, Оланд нагласи дека Франција сака да помогне во изнаоѓање решение, со цел, меѓу другото, да се отстрани главната пречка на патот на соседната земја кон Европската унија“, пишува весникот „Имерсија“  под наслов „Иницијатива на Оланд за прашањето за името“.

Според „Елефтеротипија“, „една седмица по писмото на македонскиот премиер Никола Груевски до неговиот грчки колега Андонис Самарас, францускиот претседател се понуди да помогне во решавање на прашањето“.

Грчките медиуми потетиваат дека оваа изјава Оланд ја даде на маргините на самитот на земјите од Југоисточна Европа на која учествуваат лидери од Србија, Хрватска, БиХ, Албанија, Црна Гора, Косово и Македонија.

„Важно е да се спомене дека Оланд е првиот влијателен европски лидер кој е поканет да учествува на самитот, кој го покренаа Словенците и Хрватите кои до скоро имаа големи несогласувања но беа решени со компромис по што Хрватска од 1 јули стана членка на Европската унија“, коментираат грчките медиуми.

Под наслов „Оланд се понуди да помогне во решавањето на прашањето за името“, весникот „Етнос“ пипува дека Оланд на заедничка прес-конференција со словенечкиот претседатл Борут Пахор ја „повтори заложбата на Франција за ширење на Европската перспектива“.

„Прашањето за името во моментов го попречува целиот процес и факт е дека не можеме да останеме на тоа...  Ние можеме да зборуваме со секого, имаме одлични односи со сите балкански земји“, ја пренесува „Етнос“ изјавата на шефот на француската држава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...