СМК:

Балканските војни се окупаторски, Букурешкиот мир повеќе не важи

Скопје, 9 август 2013 (МИА) - За Македонците Балканските војни се окупаторски, а учесничките и потписничките на Букурешкиот договор извршија окупација врз Македонија и геноцид врз македонскиот народ кој се уште трае, се вели во посебната резолуција усвоена на 23. Генерално собрание на Светскиот македонски конгрес (СМК) што денеска се одржува во Скопје.

Генералното собрание се одржува под мотото „100 години окупација врз Македонија - 100 години геноцид врз македонскиот народ“ и е посветено на одбележувањето на 100 годишнината од Балканските војни и Букурешкиот договор.

- За Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет Букурешкиот договор повеќе не важи. Затоа бараме права и слободи во земјите кадешто живееме, извинување и репарација за штетите предизвикани од Балканските војни до денес, враќање на граѓанските, имотните, наследните права и државјанствата на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија, рече претседателот на СМК Тодор Петров.

Бараме, нагласи, и безусловен крај на разговорите за државното име и продолжување на членството на Македонија во ОН и сите меѓународни организации под единственото име Македонија со можност за употреба на уставната додавка Република без латинична транскрипција на македонскиот јазик, туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК, односно МКД и нотификација на македонскиот народ и јазик без транскрипција, туку на англиски јазик the Macedonian people и the Macedonian language.

Името на државата, како што посочи, е гаранција и за името на нацијата и на јазикот, бидејќи, како што рече, од името на државата произлегуваат и имињата  на јазикот и на нацијата.

Нагласи дека и на ова Генерално собрание ќе се реафирмира неотуѓивото право на Македонците на самоопределување и самоидентификација, но и правото на обединување на Македонија по мирен пат во согласност со меѓународното право.

- За окупацијата и геноцидот простуваме, но не ги забораваме. Испраќаме искрена порака за мир и во таа насока нудиме потпишување договори за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и нејзините соседи Грција, Бугарија, Србија и Албанија, рече Петров.

Нестор Огинар порача дека е крајно време Европа да го урне и последното парче од „Берлинскиот ѕид“ кое ја дели Македонија.

- Ние го заслужуваме тоа. Се додека Европа не го урне и ова парче од ѕидот нема да биде цела, порача Огинар.

Ѓорѓија Џорџ Атанасовски рече дека нема сила што може да ги скриши Македониците доколку се единствени.

- Крајно време е да се обединиме, бидејќи единствено така ќе бидеме силни. Ако сме единствени нема сила што може да не скрши. Никој не може да ни го смени името доколку сме обединети ниту Обама, ниту, пак, Путин. Името единствено можеме да го смениме сами, но тоа никој не смее да го направи зошто ќе се смета за велепредавство, рече Атанасовски.

Светскиот македонски конгрес, Матицата на иселениците од Македонија, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Сојузот на Македонците со исламска религија под слоганот „100 години окупација врз Македонија - 100 години геноцид врз македонскиот народ“, денеска организираат Марш за жртвите од Балканските војни.

Маршот ќе започне во 13 часот од Музејот на ВМРО, а ќе се движи преку Камениот мост до плоштадот Македонија и старата железничка станица, се до Мисијата на Европската унија.

Во 14 часот на Петра Андерсон, вршител на должноста висок претставник на Европската унија во Република Македонија, во седиштето на ЕУ-Мисијата во Македонија, делегацијата ќе и предаде писмо со барање до ЕУ и земјите членки на Унијата за права и слободи на Македонците, извинување и репарации за окупацијата и геноцидот од Балканските војни, враќање на граѓанските права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Балканските војни до денес и безусловно признавање на државното име Македонија, името на македонскиот народ и на македонскиот јазик,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...