Мислам дека сме многу блиску до решение

Скопје, 21 август 2013 (МИА) - Се уште сум оптимист и мислам дека сме многу близу да најдеме заедничко решение и евентуално в петок сите заеднички да го потпишеме извештајот, изјави претседателот во оставка на ад хок Комисијата за расчистување на настаните од 24-ти декември Борче Давитковски по денешните одвоени средби со членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Тој информира дека утре продолжува работата на Комисијата во целосен состав, на која ќе бидат изнесени размислувања и од денешната средба и ако се усогласат, како што рече, работата ќе биде завршена со цел до петок да се дојде до решение.

Најавено е утре средбата да почне во 10 или во 10 часот и 30 минути.

На одделните средби со претставниците на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и на опозициската СДСМ присуствуваше и странскиот експерт Петер Ванхаусен.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ се договорија во периодот што следува да се вложат последни напори за откочување на процесот, негово интензивирање и донесување конечно решение околу извештајот на Комисијата, како последен обид за постигнување договор, чие евентуално недонесување ги загрозува европските перспективи на Република Македонија.

Пред речиси еден месец оставка на функцијата претседател на Комисијата даде професорот Борче Давитковски, поради, како што рече, неможност да се постигне согласност за конечниот извештај од работата на Комисијата. Во Комисијата СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ имаат делегирано по двајца членови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...