Ад хок Комисијата се очекува да ги донесе заклучоците

за случувањата од 24-ти декември

Скопје, 23 август 2013 (МИА) - Во полн состав се очекува денеска ад хок Комисијата на седница да ги донесе заклучоците за расчистување на настаните од 24-ти декември.

Според Борче Давитковски, претседател во оставка на Комисијата, има поместувања во позициите на двете страни и на ВМРО - ДПМНЕ и на СДСМ, но сепак, смета дека сите сценарија се можни.

Во текот на вчерашниот ден, Давитковски заедно со странскиот експерт Петер Ванхаусен, имаа заедничка средба со членовите на Комисијата. По четиричасовниот состанок, тој изјави дека едночасовната пауза ќе ја искористи за дополнителни политички консултации, најверојатно на највисоко ниво.

Претходно, странскиот експерт Ванхаусен и Давитковски имаа и одвоени средби со членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев во понеделникот се договорија во периодот што следува да се вложат последни напори за откочување на процесот, негово интензивирање и донесување конечно решение околу извештајот на Комисијата, како последен обид за постигнување договор, чие евентуално недонесување ги загрозува европските перспективи на Република Македонија.

Пред речиси еден месец оставка на функцијата претседател на Комисијата даде професорот Борче Давитковски, поради, како што рече, неможност да се постигне согласност за конечниот извештај од работата на Комисијата. Во Комисијата СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ имаат делегирано по двајца членови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...