Нимиц на заедничка средба со Јолевски и Василакис

Њујорк, 25 октомври 2013 (МИА) - Посредникот на Обединетите нации во разговорите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, по синоќешните одделни разговори, денеска треба да има и заедничка средба со претставниците на двете земји, Зоран Јолевски и Адаматиос Василакис.

Заедничка средба ќе се одржи во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, а по неа е планирана и прес-конференција на која ќе бидат претставени резултатите од разговорите.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, преку својот портпарол Мартин Несирки, синоќа изрази надеж дека новата рунда разговори меѓу Македонија и Грција, ќе вроди со плод и ќе се отвори пат за решавање на спорот.

- Решението за спорот за името е во интерес на двете земји и Западниот Балкан во целина. Генералниот секретар искрено се надева дека овие разговори ќе отворат пат да се најде заемно прифатливо решение. Знаете дека разговорите се во тек и верувам дека и амбасадорот Нимиц ќе се обрати за тоа прашање, изјави Несирки.

Медијаторот Метју Нимиц во април годинава на средбата со претставниците на двете, даде предлог кој потоа, на почетокот на септември, го претстави и при посетата на Македонија и Грција. Но, по овие средби, Нимиц изјави дека „сѐ уште има суштински разлики во позициите на двете страни", а Грција соопшти дека инсистира на нејзините почетни позиции во спорот, оти секое решение за спорот ќе мора да се применува во сите случаи, според нивната формула ерга омнес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...