Шеќеринска лаже за противзаконско богатење

Скопје, 31 октомври 2013 (МИА) - Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, коментирајќи ги наводите на пратеничката Радмила Шекеринска,  посочува дека недостатокот на идеи и проекти СДСМ и натаму продолжува да се обидува да го компензира со својата веќе воспоставена практика на изнесување лаги и манипулации во јавноста, злоупотребувајќи ги јавно достапните информации кои може да ги прочитаат сите граѓани. Ја повика да се извини за неоснованите обвинувања за противзаконско богатење изречени денеска од собраниската говорница.

Таа практика, како што наведува Мијалков во писмената изјава, базирана на очигледно утврдена стратегија, има за цел извртување на фактите во насока на дискредитирање на личности, без разлика на тоа дали се има или не аргументи или докази. Изминативе седум години и седум изборни циклуси, според него, докажаа дека оваа пракса е беспредметна и несериозна, дотолку повеќе, што за најголем дел од денес искажаните наводи веќе еднаш имаше прецизен, детален и недвосмислен одговор.

- Целосна лага и измислица се наводите за противзаконско богатење. Моите блиски и јавноста знаат дека пред стапувањето на функција, повеќе од 20 години сум се занимавал со приватен бизнис и дома и во странство, главно во областа на градежништвото. За сите овие години, против мене не е покрената ниту една пријава, што е уште е еден доказ на кој начин може и треба да се работи, вели Мијалков. 

Потсети дека со истата теза и со истите клевети во јавноста пред три години излезе и Љубе Бошковски.

- Тогаш, појаснив дека мојот удел од 50% во фирмата регистрирана 2003 година е продадена во Прага на двајцата други косопственици, односно во две одвоени трансакции по 25% кои вредеа по 500.000 евра, како што впрочем е наведено во анкетниот лист. Од таму се тие милион евра кои тогаш ги наведуваше Бошковски, а сега Шеќеринска, споредувајќи ги со оснивачкиот влог во фирмата, наведува директорот на УБК.

Единствената разлика со првиот анкетен лист, како што истакнува Мијалков, е во вредноста на накитот. -Имено во првиот анкетен лист вредноста е наведена во евра, а во вториот во денари. Можам да потврдам дека во првиот анкетен лист е направена ненамерна техничка грешка, која е корегирана во вториот, вели тој.

Мијалков ја повика пратеничката Шеќеринска, доколку поседува барем еден доказ во поткрепа на изречените клевети, уште утре да го приложи на Јавниот обвинител или Управата за јавни приходи.

- Јас сум подготвен под целосна морална и материјална одговорност да одговорам на сите наводи. Доколку не го стори тоа само ќе потврди дека целта на СДСМ не е расчистување на некакви сомнежи, туку обид да ја дефокусираат јавноста од сите афери кои ги следат и од очигледниот дефицит на капацитет на актуелното  раководство во водењето на СДСМ, изјави Мијалков и ја повика пратеничката јавно да се извини за изречените неосновани обвинувања, бидејќи собраниската говорница, како што рече, не смее да служи како параван и заштита од судската одговорност за сторени клевети и навреди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...