ЕУ да остане достојна на визијата за обединет и отворен континент

Виена, 4 декември 2013 (МИА) – Петтиот позитивен извештај на Европската комисија за Република Македонија е шанса ЕУ да го оправда сопствениот кредибилитет и да овозможи почнување преговори за членство, рече претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето на третиот годишен состанок на Центарот за глобален дијалог и соработка (ЦГДС) што се одржува денеска во Виена.

Доследноста во проширувањето, потенцира Иванов, ќе и помогне на Унијата да остане конкурентна на светската сцена, јави известувачот на МИА.

- Декемврискиот Европски совет веројатно ќе го има предвид она што се случи со Украина. Советот ќе има шанса потемелно да се посвети на Балканот. Потребна ни е забрзана интеграција, на сите земји од регионот, напомена шефот на државата.

Неопходни се, додаде, внатрешни реформи на механизмите на ЕУ за успешно да се справува со кризи. Правата на земјите членки подразбираат и заемни одговорности.

- Унијата посветена на проширувањето и на реформата на механизмите, треба да биде отворена кон она што претставува природен дел од поширокиот и заеднички простор. Тоа најдобро ќе се постигне преку јакнење на економската поврзаност, нагласи Иванов.

Осврнувајќи се на позиционирањето на Евроазија на глобалната сцена, една од клучните теми со кои се отвори состанокот, претседателот порача дека треба да се размислува надвор од шаблоните на евро и азиоцентризмот. Напредокот на земјите кои произлегуваат од овој простор и оние што сакаат да бидат поврзани со него, зависи, рече, од меѓусебната соработка и синергија.

- Ниту евроцентризмот, ниту азиоцентризмот немаат иднина. Неопходно е збирно, синергетско гледање на нештата. Евроазија е повеќе од простиот збир на континенти и држави, мост меѓу Европа и Азија, меѓу разни региони и земји. Европа и ЕУ не можат без Азија. На Азија, пак, и се неопходни Европа и ЕУ. Неопходно е да ги гледаме низ призмата на вкупната добивка за сите нас, подвлече Иванов.

Во овој контекст, рече, потребен е домино ефект, но не на нестабилност како што вообичаено сме навикнати, туку на меѓусебна поддршка и соработка. Антагонизмот, потенцира уште еднаш, мора да се замени со синергија.

- Сметам дека е доволно да се фокусираме на синергијата за надминување на глобалната криза, синергија што ја прави нераскинлива врската меѓу културната коегзистенција и економската меѓузависност, дециден беше Иванов.

И според поранешниот претседател на Бугарија Петар Стојанов, актуелен прв човек на Центарот за глобален дијалог, Евроазија е новиот светски суперконтинент, економски феномен кој ќе овозможи соочување со глобалната криза и надминување на сиромаштијата. Интергирањето на Европа и Азија, заклучија учесниците, е гигантски процес, не политички или идеолошки, туку диктиран од правилата на пазарот.

На состанокот на кој македонскиот претседател Ѓорге Иванов се обрати прв, учествуваат еминентни експерти и политичари, поранешни шефови на држави, меѓу кои и на САД Бил Клинтон, а зборуваше и Весли Кларк. По завршувањето на официјалниот дел, на претседателот на Европска комисија, Жозе Мануел Баросо ќе му биде доделена наградата на ЦГДС за зајакнување на разбирањето меѓу различните народи.

Шефот на државата Иванов, кој е во работна посета на Австрија, вчера имаше средба со својот колега Хајнц Фишер. На средбата беше упатена јасна порака дека Македонија треба да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Синоќа, Иванов сретна и со претставниците на македонската заедница во Австрија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...