Иванов ќе се кандидира за втор претседателски мандат

Скопје, 25 февруари 2014 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска потврди дека ќе се кандидира за нов претседателски мандат. Иванов ја прифати иницијативата што ја покренаа група интелектуалци, а која доби поширока политичка и граѓанска поддршка.

- Со чест и задоволство, имајќи ги предвид сите предизвици и перспективи со кои се соочуваме, со посветеност и одговорен пристап, со желба за постигнување натамошни успеси за нашата татковина кои ќе бидат од интерес за сите граѓани, сакам да изјавам дека донесов одлука да ја прифатам инцијативата за мое кандидирање за претседател на Република Македонија и дека ќе ја поднесам мојата кандидатура на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Иванов во обраќањето до јавноста во претседателката вила „Водно“.

Цврсто верувам, рече Иванов, дека сите ние заедно граѓаните на Република Македонија, Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Владите, Бошњаците и другите, христијаните, муслиманите, евреите, атеистите, имаме потенцијал и капацитет да носиме мудри одлуки и тоа сме го покажале.

- Горд сум на тоа што заедно со вас мои сограѓани го направивме за нашата татковина. Да продолжиме заедно да ја градиме нашата заедничка иднина, да ја градиме државата, да го развиваме соживотот, да ги негуваме вредностите и да ги промовираме националните и државните интереси на Република Македонија, посочи Иванов.

Според него, да се биде претседател на Република Македонија значи секогаш да бидеш чесен кон своите сограѓани, да се држиш до зборот и достоинството и да си секогаш на страната на заедништвото, демократијата, единството и патриотизмот.

- Да продолжиме заедно по тој пат, да продолжиме да се бориме заедно еден до друг рамо до рамо за секој еден граѓанин на нашата земја и да се стремиме да го подобриме нивниот живот, посочи македонскиот претседател.

Тој им се заблагодари на сите кои ја покренаа и поддржаа иницијативата со која се бараше тој да се кандидира за нов претседателски мандат.

- На иницијативата за моја повторна кандидатура за Претседател на Република Македонија поддршка дадоа врвни интелектуалци и професионалци во своите области, јавни личности од општествениот живот, луѓе со резултати, со достигнувања, со кредибилитет. Кон иницијативата се приклучија и ја подржаа и еминентни лица од политичкиот живот, со кои во изминатиот период соработував согласно ингеренциите и должностите во решавање на предизвици и реализација на проекти и активности кои носат подобри услови и можности за граѓаните. Дозволете ми во оваа прилика искрено да им се заблагодарам на потписниците и поддржувачите, рече Иванов.

Осврнувајќи се на она што го работел во првиот мандат, македонскиот претседател истакна оти во целиот период врвна цел му било одговорно, чесно и посветено да го брани достоинството и интересите на Македонија и македонските граѓани, да остане посветен и доследен на програмата со која ја добил довербата на граѓаните, на чија реализација, како што рече, посветено работел.

- Работев напорно имајќи ја пред себе целата одговорност и товар на тоа што значи да одлучуваш за иднината на сопствената земја, но исто така имајќи ја пред себе и обврската која ја чувствувам кон сите наши граѓани за да ги реализирам нивните потреби и интереси и кои во целиот изминат период со нивните очекувања беа дел од моето секојдневие. Се трудев најдобро што знам, дадов максимум од себе, затоа што бев свесен колкави се очекувањата, но и одговорноста од мене и што значи во едни вакви времиња да се биде на оваа одговорна функција, рече Иванов.
Смета дека Македонија поминала исклучително сложени моменти, многу предизвици, посебно на меѓународен план.

- Имавме и предизвици и разочарувања, но и постигнавме многу резултати, успеси, подобрувања, но што е најважно во суштинските моменти дејствуваме заеднички и обединето, цврсто и со збиени редови, секогаш водејќи се од интересот и потребите на граѓаните. Водев одговорна и принципиелна надворешна политика заснована врз нашите стратешки определби, и врз нашите национални и државни интереси.

Политика на отвореност кон сите. Бев активен и во економската и јавната дипломатија, свесен за потребата од промоција и афирмација на државата во еден глобализиран свет, но и од неопходноста за обезбедување на нови работни места во нашата земја и привлекување на инвестиции, нешто на што заедно со владата работевме, рече претседателот Ѓорге Иванов.
Во својата работа, потенцира, се водел од интересите на граѓаните и зацртаните стратешки цели.

- Истовремено, секогаш бев меѓу својот народ, иако некои понекогаш со иронија и потсмев гледаа на таа моја блискост со народот. Јас знам од каде произлегувам, и од каде ја црпам мојата сила, од народот, и за мене секогаш ќе биде гордост и чест да бидам со мојот народ. Верувам дека постигнавме добри резултати, исто како што верувам дека секогаш може да се продолжи да се направи уште повеќе и да се постигнуваат натамошни достигнувања. Пред нас доаѓаат години на уште поголеми достигнувања.

Не чека уште многу работа која треба да донесе напредок и просперитет за сите наши сограѓани. Патот е трасиран, рече Иванов.

Иницијативата за поддршка на Иванов беше потпишана од над 50-тина интелектуалци, доктори, академици, свештени лица од повеќе религиозни заедници и од спортисти, уметници, градоначалници и функционери од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Потписниците од владејачката партија бараа претседателот Иванов да ја добие партиската поддршка на конвенцијата на партијата закажана за 1 март на која ќе биде избран претседателскиот кандидат за претстојните претседателски избори.

ВМРО-ДПМНЕ веќе го објави и списокот на сите делегати за претстојната Конвенција. Нивниот вкупен број, во согласност со одлуките на Извршниот и Централниот комитет на партијата, е 1.300.

Рокот за пријавување кандидати за претседател е до среда до 20 часот. Досега до партијата се пристигнати иницијативата за кандидирање на актуелниот претседател Ѓорге Иванов и кандидатурата од професорот Јове Кекеновски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...