На „Струмичкиот карневал 2014“ ќе има над 2.500 маски

Струмица, 25 февруари 2014 (МИА) - На Струмичкиот карневал годинава ќе продефилираат над 2.500 маски. Со синоќешното ждребување на распоредот на маските во саботната Интернационална карневалска поворка се финализираа подготовките за „Струмичкиот карневал 2014“.

Годинава, како што истакна претседателот на организациониот одбор,Александар Цицимов,во Интернационалната поворка ќе продефилираат 41 група под маски.

- Вкупниот број учесници во карневалската поворка годинава ќе биде над две и пол илјади учесници од земјата и странство. Вечерашнава ждрепка одлучи маската на здружението „Струма“ од Струмица да биде на чело на колоната, а поворката ќе заврши со маската на гостите од Лубрег, од пријателска Хрватска. Покрај нив, наши гости и годинава ќе бидат повеќе карневалски групи од соседните држави: Турција,Бугарија,Србија,Хрватска, Црна Гора и Албанија, рече Цицимов.

Годинава вторпат Интернационалната карневалска вечер ќе биде в сабота (1-ви март), а како пропратни манифестации на традиционалните тримески празнувања ќе бидат: изборот на принц и принцеза на карневалот (в петок), детскиот карневал(в недела), Фестивалот на афоризам и карикатура, понеделничкиот бел граф (в понеделник), доделување на наградите на најуспешните маски (во вторник), а „Струмичкиот карневал 2014“ традиционално завршува со посетата на домот на армасаните девојки,или популарно наречените „синии“ (в среда).

Организаторите очекуваат рекордна посетеност на ова традиционална карневалска манифестација,која одбележува 20 години од приемот во Интернационалното здружение на карневалски градови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто Трпе има дупче на фрижидерот?
- За да провери дали му се гаси сијаличката кога ќе ја затвори вратата.

* * *
Некој Влав го прашува синот на полу-матура:
- Сине, кажи...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1304.- Во Арецо е роден Францеско Петрарка, голем...
1785.- Роден е турскиот султан Махмуд Втори, кој...
1819.- Република Колумбија доби независност....
1847.- Роден е германскиот сликар и графичар...