ДУИ бара предвремени парламентарни избори

Тетово, 27 февруари 2014 (МИА) -  ДУИ на вонредна седница на централното претседателство вечерва во партиското седиште во Мала Речица донесе одлука за бојкот на следните претседателски избори и отпочнување иницијатива за распуштање на Собранието и организирање предврмени парламентарни избори.

Оваа одлука, според  генералниот секретар на партијата Абдилаким Адеми, била донесена по сеопфатната анализа на актуелната политичка состојба и по неподготвеноста на македонскиот политички блок да ја прифати понудата на ДУИ за консензуален претседател.

- ДУИ одлучи да не учествува со свој кандидат на следните претседателски избори, да ги повика Албанците да не поддржат ниту еден кандидат и со тоа да дадат лажен легитимитет на идниот претседател, но истовремено да води активна кампања за промоција на концептот за консензуален претседател се до нејзината конечна реализација. Парламентарната група на ДУИ да поднесе иницијатива за распуштање на Собранието и да се организираат предвремени парламентарни избори, рече Адеми.

ДУИ ги повика сите парламентарни групи да се придружат на нивната иницијатива и да го поддржат предлогот за распуштање на Собранието. Побара сите политички државни фактори, како и граѓаните да дадат свој придонес за организирање слободни, фер и демократски избори за, како што велат, да се докаже дека имаме капацитет и политичка зрелост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...